Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Западен Балкан е далеку пред Украина: Австриската министерка бара да се забрза проширувањето на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Западен Балкан е далеку пред Украина: Австриската министерка бара да се забрза проширувањето на ЕУ
СВЕТ

Западен Балкан е далеку пред Украина: Австриската министерка бара да се забрза проширувањето на ЕУ

Објавено April 10, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Австриската министерка за европски прашања, Клаудија Плаколм, член на Австриската народна партија, побара да се забрза проширувањето на Европската Унија. „Во Западен Балкан, конечно, мора да има конкретни чекори што ќе ги почувствува населението“, рече таа во интервју за АПА.

Таа се надева дека ЕУ ќе ги добие првите кандидати за членство во следните неколку години“, а најдоцна до 2030 година. А земајќи ја предвид агресивната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, таа смета дека Европа мора сама да преземе иницијатива наместо само да се надева.

Плаколм истакнува дека „повеќе од 20 години се зборува за Западен Балкан, но без значителен напредок, бидејќи најчесто соседните земји го блокираат процесот“. Во овој контекст, таа е отворена за можноста за ограничување на правото на вето во рамките на ЕУ.

Покорисно би било кога би можеле да преземеме некои чекори побргу и да се вратиме на едногласност само на крајот од процесот. Но, сепак мислам дека е важно да се најде договор за клучните прашања и да се води дијалог“.

ЕУ ризикува да го изгуби кредибилитетот на Западен Балкан, предупредува таа.

„Постои опасност дека ако ја пропуштиме европската интеграција, Западен Балкан ќе стане играчка на другите глобални сили“, рече таа веројатно алудирајќи на влијанието на Русија и Кина.

Се чувствува, особено кога ќе погледнеме назад на демонстрациите во Србија, дека населението е повеќе од кога било подготвено за реформи, за европска интеграција и дека сега, конечно, му требаат конкретни подобрувања. Се гледа дека тоа го поддржуваат младите луѓе, студентите што излегуваат на улица и имаат барања за политичарите“, објасни министерката.

Плаколм се залага за постепена интеграција на понапредните кандидати во ЕУ преку вклучување во програмите на ЕУ.

„Веќе сега можеме да одиме чекор по чекор и да се шириме или да почнеме европски програми во земји што се веќе на вистинскиот пат“, рече таа.

Земјите што ги смета за најнапредни се Црна Гора, Македонија и Албанија. На прашањето дали би можеле да станат членки до 2030 година, таа одговори: „Се надевам, би го сакала тоа“.

За кандидатскиот статус на Украина, вели дека тоа е геополитичка одлука.

„Јасно е дека ја поддржуваме Украина како Австрија и како ЕУ бидејќи на 24 февруари 2022 година беше нападната земја на европска почва. И приближувањето до нашите европски принципи, нашите вредности, може да бидат само од корист. Но, дури и ако војната против руската агресија заврши навргу, Украина нема да биде подготвена да стане членка на Европската Унија преку ноќ“, рече министерката. Таа потсети дека процесот за некои земји траел повеќе од 20 години.

Во овој поглед, Западен Балкан е далеку пред Украина“.

Плаколм не реагира позитивно на предлогот за членство на Канада во ЕУ, што го предложи поранешниот германски министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, силен противник на идеите на Трамп за анексија: „Веќе има доволно кандидати што чекаат“. Сепак, смета дека ЕУ треба да ги зајакне меѓународните партнерски односи – вклучително и со Канада.

Зборувајќи за сегашните глобални турбуленции, кои, меѓу другото, беа предизвикани од трговската политика на Трамп, Плаколм повика на зајакнување на европската самодоверба: „Важно е Европа да не се повлече, да го зајакнеме стратешкиот суверенитет, да не зависиме од милоста на другите и да нè гледаат како силен глобален играч, а не како пион“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило
Следна Статија Гол маж се шеташе кај Броз, брзо е уапсен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“. Во објава на социјалната мрежа…

May 26, 2025
СВЕТ

Во Доминикана запленети 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин

Властите во Доминиканската Република денеска соопштија дека заплениле 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин, што е…

December 7, 2024
СВЕТ

Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска го советуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски да се врати на преговорите со американскиот претседател Доналд…

March 5, 2025
СВЕТ

Еден турист загина, а друг е повреден од напад на ајкула во Египет

Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, соопшти денеска египетското Министерство…

December 29, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?