Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Заработиле“ над 3 милиони денари: Постапка против 43 лица кои земале „брзи кредити“ на туѓо име, еве како ги злоупотребувале податоците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Заработиле“ над 3 милиони денари: Постапка против 43 лица кои земале „брзи кредити“ на туѓо име, еве како ги злоупотребувале податоците
ХРОНИКА

„Заработиле“ над 3 милиони денари: Постапка против 43 лица кои земале „брзи кредити“ на туѓо име, еве како ги злоупотребувале податоците

Објавено April 10, 2025 13:28
Сподели
Сподели

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.

За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.

Во текот на предистражната постапка, обвинителството во координација со МВР-СВР Скопје, обезбеди обемен доказен материјал дека почнувајќи од јули 2022 година, користејќи различни модалитети на извршување, осомничените со умисла вршеле временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исти дела. Притоа користеле исти трајни односи, исти прилики и слични околности, а крајната цел им била да прибават за себе имотна корист.

Така, дел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.

Еден дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи. Во тоа им помагал и осомничениот – службеното лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот.

Ваквите лажни податоци лицата ги користеле за да подигнат и по неколку кредити од различни друштва во еден ден, со што прибавувале значителна имотна корист. Потоа парите ги извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените организатори на вакви измами.

Незаконски прибавената имотна корист од сите вакви дејствија во вкупен обем надминува три милиони денари.

Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за тројца од осомничените опфатени со наредбата за истрага, додека четвртиот веќе се наоѓа во притвор во постапка за друго кривично дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
Следна Статија Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во својот дом

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“

Една година по најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, Кочани и понатаму живее со сенката на пожарот во дискотеката…

March 16, 2026
ХРОНИКА

Ужас во Скопје: Тинејџер прободен со нож, напаѓачот е 15-годишно дете

Во автобус на еден од приватните превозници, синоќа бил пронајден млад скопјанец кој бил прободен со остар предмет, дознава 24инфо.мк. 18-годишниот…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Почна Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство

Со голема жалост ги известуваме сите родини и пријатели дека почина Трифун Талевски, уредник и новинар кој целиот професионален живот…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?