Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари
МАКЕДОНИЈА

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари

Објавено April 11, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Инвеститор урна ѕид на станбена зграда при бетонирање на нов објект на улицата Партизански одреди во Ѓорче Петров.Работниците кои работеле на новата висококатница го пробиле соседниот ѕид и целиот бетон кој го нанесувале за плочата завршил по скалите на соседната зграда.

На инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда во општина Ѓорче Петров ќе му биде изречена соодветна казна согласно законските прописи и без никакво одлагање ќе биде задолжен да ја санира штетата, информираа попладнево од Општина Ѓорче Петров.

Дел од медиумите денеска објавија дека случајот е пријавен вчера околу 10 часот откако дел од станарите на зградата забележале дека бетон се слева по скалите од станбената зграда.

Од Општина Ѓорче Петров велат веднаш по добивање на пријавата, надлежните инспектори се во контакт со управителот на зградата при што утврдиле дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета.

– Силно сме загрижени од информациите за настанатата штета врз станбената зграда и разбираме дека ваквите ситуации предизвикуваат вознемиреност и чувство на несигурност кај жителите. Ве информираме дека веднаш по добивањето на пријавата, нашите надлежни инспектори се во контакт со управителот на зградата и утврдено е дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета. За истата, тие ќе бидат веднаш, без никакво одлагање, задолжени да ја санираат. Дополнително, согласно законските прописи, против нив ќе биде изречена соодветна казна, стои во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, од Општината додаваат дека жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови.

– Сакаме да нагласиме дека Општината нема да дозволи несовесно градење и постапки кои го загрозуваат квалитетот на живеење и безбедноста на граѓаните. Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови. Секој изведувач и инвеститор е должен да работи одговорно и во согласност со закон, и нашите служби ќе продолжат внимателно да го следат случајот. Ви благодариме што гласно реагирате и ни помогате заеднички да ја чуваме безбедноста и достоинството на урбаното живеење, додаваат од Општината. 

Во соопштението се наведува дека единствен надлежен орган којшто има право да влезе во објект во градба е Градежниот инспекторат, за кој велат дека во случајот постапува согласно своите овластувања. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вандализирана нова градинка во Бутел 1
Следна Статија Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Залудно е да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати и пензии ако имаме сè помалку луѓе

Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се сруши стара куќа и смачка возила во Битола

Вистинска среќа е што нема повредени лица во инцидентот кој попладнево се случи во строгиот центар на Битола.Стара и руинирана…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сеќавање на Тоше Проески: Денес ќе наполнеше 45 години

Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 45 свеќи на тортата.. Иако за многу фанови на Тоше…

January 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?