Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Објавено April 11, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција, каде се обрати на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски се осврна на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото партнерство во рамките на НАТО, како и на соработката со САД и трансатлантската поврзаност.

Притоа, министерот Муцунски ја истакна важноста на регионалната поддршка, која особено се манифестираше по трагедијата во Кочани, упатувајќи искрена благодарност до Грција за покажаната солидарност и медицинска помош.

Министерот нагласи дека проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент. Тој порача дека е неопходно да се обезбеди јасен и опиплив пат напред за регионот, кој ќе го врати кредибилитетот и ќе ги исполни очекувањата од процесот на европска интеграција.

Во однос на улогата на САД, Муцунски ја подвлече нивната клучна улога како инвеститор – не само во политичката и безбедносната, туку и во економската стабилност на регионот – истакнувајќи дека САД се меѓу највидливите и најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наскоро ќе може да имате дел од оваа вредна колекција: Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра
Следна Статија Волстрит падна – ни САД ни Кина не попуштаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје – чисто и достоинствено

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земале малку пари: Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите, велат дека не биле променети 25 години

Нотарската комора бара зголемување на дел од тарифите. Нотарите насласуваат дека трошоците им се зголемени, а тарифите покрај тоа што…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спасувале животи во „Пулс“ а сега имаат намалена плата поради боледување?!

Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски во објава на Фејсбук открива дека медицински лица од ЈЗУ Општа Болница Кочани добиле намалена…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?