Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца
МАКЕДОНИЈА

Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца

Објавено April 11, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Како Влада сме посветени на обезбедување на целосна транспарентност и точност пред јавноста и внимателно ги следиме сите институционални чекори кои треба да ги исполниме согласно законот, вели владината портпаролка Марија Митева.

-Државниот пазарен инспекторат во периодот од 17.03 до 10.04 2025-та година изврши вкупно 297 надзори во однос на исполнување на минимално техничките услови и други одредби предвидени согласно Законот за угостителска дејност. Надзори се вршат и кај угостителските објекти со пријавена дејност. Издадени се вкупно 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност на 3.436.000 денари. Издадени се вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност за оние кои вршеле дејност без лиценца или без исполнување на минимално техничките услови и 12 решенија за отстранување на неправилности за прекршоци утврдени согласно законот за угостителска дејност, информира Митева.

Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 се констатирани неправилности.

-Во меѓувреме, кај 7 од овие објекти се отстранети овие неправилности и на барање на правните субјекти е извршена дополнителна контрола, направени се контролни записници каде надлежните органи утврдиле дека правните субјекти, согласно законски превидениот рок од 30 дена ги отстраниле овие недостатоци. И таквите информации се доставени до Министерството за економија и труд. Останатите правни субјекти кои немаат активна лиценца или се со поднесено барање и не вршат дејност во моментов, се под постојан мониторинг и за истите ќе се превземат соодветни мерки согласно закон, посочи Митева.

Контролата уште е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
Следна Статија Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патници на лет за Скопје останале заглавени на аеродромот во Истанбул: Повеќе пати променет гејт, исчезнат летот од инфо-таблите, оставени без храна…

Десетина патници од летот ТК1005 на релација Истанбул – Скопје синоќа останале на аеродромот во Истанбул, откако авиокомпанијата Turkish Airlines не…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?