Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат
МАКЕДОНИЈА

Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат

Објавено April 11, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде во ЕУ. На Македонија ѝ треба ЕУ, но и обратно на ЕУ ѝ треба Македонија. Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат, порача министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Македонија кое се темели на споделени вредности и замени интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Македонија, рече Бока кој ја искористи приликата да изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

Тој потсети дека двете влади веќе одржаа заеднички меѓувладини седници во Охрид и во Буримпешта, а нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји е, рече, и денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој меѓу другото треба да и помогне на земјата во искористувањето на европските фондови.

Министерот Муртезани од своја страна истакна дека Македонија и Унгарија се поврзани со длабоки пријателски врски, а билатералната соработка добива уште позасилена динамика со денешното потпишување на Меморандумот. Унгарија, нагласи тој, одамна ја има нашата благодарност за гласната поддршка за нашиот евроинтегративен пат и подвлече дека особено ја цениме нејзината улога како претседавач со Советот на ЕУ имајќи предвид дека токму за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ минатата година прашањето за проширувањето на Унијата и интеграцијата на ЗБ беше ставено високо во приоритетите на претседавањето а со тоа и на европската агенда.

Министре Бока вашата постојана гласна и принципиелна поддршка за интегрирањето на Македонија и Западен Балкан во Унијата што побрзо е вистински пример за пријателство во пракса. Круна на таа посветенопст е денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој поставува цврста рамка за долгорочно и структурирано партнерство во областа на европските интеграции. Со потпишувањето на овој Меморандум на нашата веќе блиска соработка и даваме институционална димензија и стабилна рамка. Овој документ не претставува само формализирана административна алатка туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочувањето на партнерството преку размена на знаења, искуства и заеднички напори кон усвојување на европските стандарди. Со овој чекор Македонија и Унгарија уште еднаш покажуваат дека Европа не е само географија и бирократија туку заеднички вредности и дека политиката на проширување на ЕУ е една од најважните стратешки цели, рече Муртезани.

Тој додаде дека ние сме подготвени да учиме од унгарското евроинтеграциско искуство и оти како Влада која веќе ги има восппавено структурите за координација со процесот на евроинтеграција во рамки на преговарачкиот процес ќе го искористи ова партнерство како допполнителен мотив за забрзување на нашата евроинтеграција.

Министерот Бока вчера одржа предавање на Универзитетот Скопје, во кое истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, следна фаза ќе биде утврдување на работниот план за активностите на двете страни што ќе биде финализирано на следната средба во Будимпешта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца
Следна Статија Седум пациенти се враќаат во Македонија: По пожарот во Кочани 48 лица се лекуваат во странство, седум во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во службените возила на СОЗР ставале половни делови, сервисите ги фактурирале како нови!

Се интензивира истрагата за злоупотребите во Службата за општи и заеднички работи во време кога на чело бил поранешниот директор Пеце…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 600 милиони евра за…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невладините кои имаа спонзорства од УСАИД сега бараат покровителство од фондовите на ЕУ

Меѓународната комисија на правници (ICJ), заедно со над 60 граѓански организации, се приклучи на итниот апел со кој ги повикува…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи

Денес Скопје е домаќин на една важна посета, присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?