Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

Објавено April 11, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, додавајќи дека тој е неосновано обвинет.

Туфегџиќ подвлече дека Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на обвинетиот.

-Јавниот обвинител смее да дискредитира исказ, но не и личност на обвинетиот. Тука се почувствува еден малку понижувачки однос кон Александар на прашањата кои се однесуваат и се од лична природа. Ова денеска значеше проверка на исказот на Александар кој го даде во директното испрашување и проверка на сите искази на Александар кои ги даде во текот на целата оваа постапка, вклучително и полициска и истражна постапка и постапка пред јавен обвинител. Можам да констатирам дека јас лично сум задоволен и во основа нема никаков основ, ниту аргумент Јавното обвинителство понатаму да го држи Александар со вакво обвинение, рече тој.

Адвокатот изрази увереност дека правдата ќе биде задоволена, додавајќи дека конечната одлука ја носи Судот.

-Ќе се воздржам од очекувањата, мислам дека ќе проработи свеста и совеста на Обвинителството. Секако сум сигурен и убеден дека и тие се сигурни и убедени дека докрај не може да додржи обвинението кон Александар, но да причекаме. Ќе го видиме тоа некаде пред завршните зборови дали обвинителот ќе се охрабри тоа да го направи. На крајот на краиштата конечната одлука ќе ја донесе Судот, дополни тој.

Во врска со прашањата зошто договорите за дар на становите на Вања и Миња сѐ уште не се солемнизирани, адвокатот рече дека не заслужуваат никаков коментар.

-Не заслужува никаков коментар бидејќи јавниот обвинител освен тоа што е факт дека не е до крај завршена процедурата за солемнизација на договорите, тие договори и тие трансакции не ги довел со ниту еден доказ во ниту една конотација со ваков грозоморен чин и со вакво убиство. Во тој дел и самиот Александар неколку пати го праша обвинителот да му појасни на што точно алудира и тука завршува мојот коментар, рече тој.

Претходно денеска таткото на Вања одговараше на прашања од Обвинителството кое се обидуваше да го дисквалификува. Тој одговараше на вкрстени прашања поврзани со неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа. Ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања.

Ѓорчевски денеска одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава. „Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски. Тој одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.

Останатите обвинети и нивната одбрана, како и судот, немаа прашања за Ѓорчевски.

Судењето продолжува во понеделник, на 14 март, со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
Следна Статија Нема напредок: Средба на историската комисија, разговарано за заеднички чествувања и за учебниците за VII одделение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати

СДСМ повторно се служат со лаги и невистини. Вработените во Државниот инспекторат за труд да не се грижат!, објави на…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме

На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања во четвртокот, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на изградбата на објектите на…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?