Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка
БАЛКАН

Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка

Објавено April 11, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Загрепски полицаец (46) е уапсен под сомнение дека 15 години ја силувал и ја малтретирал својата невенчана сопруга. Тој е приведен заедно со неговите пријатели на возраст од 59 и 47 години поради сомнение дека сите сексуално ја злоставувале партнерката на полицаецот, со која тој има дете, објавија хрватските медиуми.

Станува збор за кривични дела силување кои оштетената ги пријавила кај истражителите, а бидејќи надлежното загрепско обвинителство предложило мерка притвор во траење од еден месец, дежурниот истражен судија при Жупанискиот суд во Загреб ги испратил сите тројца зад решетки за да не влијаат врз сведоците кои наводно имаат сознанија за страдањата низ кои оштетената поминала со години

Според она што жртвата ѝ го кажала на полицијата, целиот хорор траел од 2010 година до пред неколку недели. Дури тогаш таа конечно собрала храброст детално да раскаже низ што се поминала за време на заедничкиот живот со полицаецот со кој имала дете. Таа се доверила дека освен што сексуално ја злоставувал, ја малтретирал и физички и психички, а ја терал и на сексуални односи со други мажи, како што се неговите кумови и братучеди.

Според кривичната пријава, оштетениот открил и дека ја терал на проституција, а уште пострашно е што знаел да ја малтретира и пред нивното дете. Неговите осомничени пријатели, пак, ја силувале партнерката на полицаецот, а еден од нив, според пријавата, ја претепал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост
Следна Статија Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, е уапсен во Тирана по налог на Специјалното…

October 21, 2024
БАЛКАН

Бенадикшон прогласува затворање по 13 години во Фресно

Беше полн простор во сабота наутро, додека жителите на Фресно се подготвуваа да се збогуваат со појадок со традиција.

January 12, 2026
БАЛКАН

За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од Албанија, куќен притвор

На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен…

February 10, 2025
БАЛКАН

Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора

Црногорската полиција го осомничи 18-годишниот Андреј Танасковски, државјанин на Македонија за обидот за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?