Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затворските полицајци контра Пандов: Приказната за кучката Цеца е интересна, но неточна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Затворските полицајци контра Пандов: Приказната за кучката Цеца е интересна, но неточна
ХРОНИКА

Затворските полицајци контра Пандов: Приказната за кучката Цеца е интересна, но неточна

Објавено April 11, 2025 20:57
Сподели
Сподели

Група вработени во штипскиот затвор, членови на синдикалната организација УПОЗ реагираа на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршувње на санкции Александар Пандов, на која тој ги обвини затворските полицајци дека му помогнале на затвореник да ја пронајде фрлената дрога во затворскиот двор. Во одговорот се наведува дека директорот прикажал слика која не се совпаѓа со реалноста и дека службените дејствија што ги преземале властите во ниту еден момент не дале причина за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапил спротивно на нивните работни должности и соработувал со осуденото лице.

„Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна која се пласираше на ироничен начин и со цинизам во јавноста. Одговорно тврдиме дека вистината е сосема поразлична и постапувањето во однос на пронаоѓањето на сомнителни предмети фрлени од страна на лицата кои дојдоа до затворот преку безбедносниот ѕид. Рекцијата беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има било што недозволено да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип“, велат од УПОЗ.

Претресите во ноќните часови биле неуспешни, додаваат во одговорот, но во утринските часови била пронајдена најлонска кеса во која имало сомнителни прашкасти материи и билки. Вработените велат дека по откривањето биле преземени сите оперативни и протоколарни дејствија, известен е директорот на установата, а за инцидентот била известена и полицијата, која пристигнала во затворот.

„Целото постапување и превземените конкретни чекори е содржано во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен од СВР Штип. Во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза како што беше споменато на пресконференцијата од страна на директорите“, додаваат од УПОЗ.

Пандов во средата информираше за случај во кој во дворот на затворот во Штип била фрлена топка во која имало 35 грама кокаин и 50 грама марихуана. Затвореник се пуштил во потрагата по „нештото“, како што рече Пандов, а потоа му се придружиле и затворските полицајци, кои го осветлиле тревникот со батериски ламби. Според Пандов, затвореникот рекол дека го барал часовникот што кучката Цеца му го одзела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мик Џегер се вери со 44 години помладата Мелани, со која има седум годишен син
Следна Статија Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сведоштво на началник од МВР: Таткото на Вања постојано велеше дека таа е киднапирана и убиена

Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денес со сведочење на Музафер Каришиќ, полицаец кој…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Куќен притвор и мерки за претпазливост за лицата осомничени дека ја нападнаа Арсовска

Арсовска ќе биде под 24 часовна полициска заштита, двете лица кои вчера ја нападнаа кривично ќе се гонат. За едното…

July 12, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков преку социјалните мрежи реагираше на вчерашната прес конференција на која за првпат во јавноста се…

February 8, 2025
ХРОНИКА

Измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари, ѝ се јавиле дека ќерката имала сообраќајка

Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари.  Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице,…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?