Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака
СВЕТ

Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака

Објавено April 11, 2025 21:22
Сподели
Сподели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска порача дека САД треба да престанат со „каприциозното и деструктивно однесување“ доколку сакаат преговори за царините.

– Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака, додаде портпаролот Лин Џијан.

Оваа изјава дојде откако Пекинг воведе царини од 125 отсто на американската стока, кои стапуваат во сила утре. САД претходно воведоа царини од 145 отсто на Кина.

Следува куса хронологија на ескалацијата:

1 февруари: Трамп најави царина од 10% на речиси сета кинеска стока што влегува во САД.

4 февруари: Кина возврати со царини од 10 до 15% на одредени американски производи.

4 март: САД ја удвоија царинската стапка на кинеската стока на 20%.

2 април: Трамп најави дополнителна царина од 34% на кинескиот увоз како дел од пошироката глобална царинска стратегија, со што вкупната царина (вклучувајќи ја постојната) достигна 54%. Кина возврати со 34% царина на поголемиот дел од американската стока.

7 април: Трамп се закани со дополнителни 50% царина доколку Кина не ги повлече контрамерките – вкупната царина се искачи на 84%.

9 април: Кина објави дека од 10 април ќе воведе царини од 84% на американската стока (наместо претходните 34%). „Реципрочните“ царини на Трамп стапија во сила, а кинеските царини официјално достигнаа 84%, што вкупно значи 104% царина. Трамп потоа објави дека царините на кинеската стока ќе пораснат до 125%, со што вкупната стапка (вклучувајќи ја првата од февруари) достигна 145%.

11 април: Пекинг ги потврди царините до 125% на американската стока и порача дека нема да реагира на понатамошни зголемувања. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворските полицајци контра Пандов: Приказната за кучката Цеца е интересна, но неточна
Следна Статија Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Велика Британија ќе и даде на Украина заем од 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната

Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените…

March 2, 2025
СВЕТ

Објавени импресивни снимки од Москва: Како 50.000 квадратни метри асфалт на пат беа заменети за 24 часа

Градските служби на Москва објавија видео од импресивната поправка на една од најважните улици во главниот град на Русија, а…

August 18, 2025
СВЕТ

Руски утрински напади на Одеса и Днипро

Русија во текот на ноќта извршила напади врз Украина со дронови и ракети, при што биле погодени јужниот град Одеса…

May 18, 2026
СВЕТ

Иран продава повеќе нафта, но заработува помалку пари

Посредници и купувачи ги користат ограничените можности на загрозениот режим за истовар на суровата нафта

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?