Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на златото урива рекорди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Цената на златото урива рекорди
Blog

Цената на златото урива рекорди

Објавено April 12, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Цената на златото денеска за првпат на светските пазари надминаа 3.200 долари, додека инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал во услови на слабеење на доларот и стравувањата дека трговската војна меѓу САД и Кина може да ја загрози светската економија.

На физичкиот пазар унца злато вчера попладне чинеше 3.223,36 долари и поскапе за 1,56 отсто од завчерашното затворање. Ова е највисока цена откако златото се тргува на берзата. Од почетокот на неделата поскапе за околу шест отсто.

На американскиот пазар златото се тргуваше по цена повисока за 2,14 отсто, по речиси 3.228 долари.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги зголеми тарифите за кинески стоки на дури 145 отсто, а Пекинг возврати со зголемување на царините за увоз од САД на 125 отсто.

„Постои зголемен ризик од рецесија, приносите на обврзниците растат, а американскиот долар слабее. Сето тоа се фактори кои го поддржуваат златото во улога на еден вид заштита од криза и инфлација“, изјави трговецот со благородни метали во германската филијала на Хереус Металс, Александар Зумфе.

Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на средствата во периоди на зголемена економска и политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Клиенти се и централните банки кои сакаат да го зајакнат билансот на состојба и да ги обезбедат залихите.

Во вакви услови златото лани поскапе за повеќе од 28 отсто, покажуваат пресметките на здружението на рударски компании WGC. Од почетокот на годината неговата цена е зголемена за речиси 21 отсто.

Послабиот долар, исто така, ја зголемува побарувачката за злато бидејќи ја зајакнува куповната моќ на инвеститорите со други валути, забележува „Ројтерс“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Њујорк Тајмс: Администрацијата на Трамп развива план за анексија на Гренланд
Следна Статија Авиокомпаниите го укинуваат чекирањето?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Форд ќе укине 4.000 работни места во Европа

Форд Моторс денеска објави дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4.000 до крајот…

November 20, 2024
Blog

Има толку многу милијардери во САД што има недостиг од финансиски советници

Најновата студија спроведена во САД покажа дека поради зголемениот број милијардери во таа земја, може да има недостиг од дури…

May 19, 2025

Walmart подготвен да ги објави своите квартални финансиски резултати – објаснето што можеме да очекуваме

Walmart, кој услужува купувачи од различни приходни групи, може да обезбеди најјасна слика за економското здравје на американските потрошувачи во…

November 21, 2025
Blog

TikTok корисници се загрижени за собирањето на ‘статус на имиграција’ – еве што значи тоа

Корисниците на TikTok се загрижени поради споменувањето на собирање податоци за 'статус на имиграција', но правниците објаснуваат дека тоа е…

January 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?