Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“
ПОЛИТИКА

Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Објавено April 12, 2025 12:18
Сподели
Сподели

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска на прес-конференција Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ.

„17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема? Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот. Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“? И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?“, вели Ристова.

Таа изрази сомнеж и од финансиски аспект.

„Зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем. Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење. На прашањето колку пари на граѓаните на Неготино се потрошени за оваа зделка и дали сумите се реални ќе зборуваме детално во наредните денови. Ако ова се потврди, ќе биде уште едно кривично дело во серијата сомнителни тендери на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ристова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија
Следна Статија НАЈМАЛКУ 221 ЗАГИНАТ: Објавен извештајот за трагедијата во клубот „Џет сет“, причината сепак неразјаснета

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Црвените линии на Филипче се контури на ново предавство во иднина

Додека ние се бориме за чесна и успешна Македонија, гледаме за што се борат нашите противници. Гледаме дека нашите противници…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во…

March 8, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се меѓу прашањата што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?