Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам

Објавено April 12, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Со официјалното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување (One stop shop) на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Косово поминуваме во нова фаза на односи меѓу нашите две држави, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Со овој проект, порача, отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство помеѓу нашите две држави.

Тој нагласи дека благодарение на посветеноста на двете влади, на министерствата за внатрешни работи и на граничните служби за помалку од една година со изградба на нова физичка и дигитална инфраструктура добиен е вистински функционален систем што овозможува само едно застанување и една пасошка контрола.

-Ова е резултат на Договорот помеѓу двете влади и Протоколот што го уредува начинот на гранични и царински контроли, инфраструктурата, размената на податоци и поделба на трошоци. Целта е јасна – побрзо, поедноставно и побезбедно преминување на границата, рече Тошковски по свеченото пуштање во работа на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување.

Тоа, како што рече, за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконските активности.

Неговиот косовски колега Џељаљ Свечла посочи дека денешното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување претставува значаен чекор на соработка помеѓу двете држави со конкретен резултат кој придонесува за олеснување на меѓународниот проток и приближување на граѓаните од двете земји.

-Денеска крунисуваме проект на нашите институции за внатрешни работи со кој се олеснува контролата на овој граничен премин и на граничниот премин Глобочица. Тоа несомнено е рефлексија на нашите заеднички аспирации за отворени, но и безбедни граници. Форматот на граничен премин со само едно застанување веќе е успешно реализиран и со Република Албанија, а убеден сум дека ќе биде успешен и со Република Северна Македонија, рече Свечла, на свеченоста на која присуствуваа и премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти. 

Како сојузнички земји, додаде, ќе продолжиме со соработка за обезбедување на безбедност со цел нашите земи на ниту еден начин да не бидат безбедна зона за одвивање на било каква илегална активност.  

Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните во државава и годишно го користат преку 4,3 милиони патници. Тој е значаен за македонските и косовските граѓани, но и за меѓународниот транзит на луѓе и стоки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро
Следна Статија Полицијата го бара за Кочани: Македонскиот амбасадор во Осло, Кучи, се враќа дома со првиот авион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот

По повод Светскиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември, Министерството за култура и туризам в сабота…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово

Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во зградата на МТВ е отворен шалтер на МВР за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска (17.12.2025) во функција е посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?