Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови
СВЕТ

Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови

Објавено April 12, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради силни ветрови и песочни бури.

Двата големи меѓународни аеродроми – Пекинг Капитал и Дасин – откажаа вкупно 693 летови. Бурите, придружени со ветрови од над 140 км/час, урнаа стотици дрвја, оштетија автомобили и некои постари објекти во кинеската престолнина.

Истовремено, беа издадени предупредувања за дополнително влошување на временските услови, особено во северните и крајбрежните региони. Ветриштата во некои области достигнаа најголема сила во последните 75 години.

Меѓу затворените објекти во Пекинг се и забавниот парк „Universal Studios“, како и историските знаменитости Забранетиот град, Летниот дворец и Храмот на Небото. Откажани се и спортски и други настани на отворено.

Песочните бури се честа појава во сувиот север на Кина, каде што се наоѓаат пустините Гоби и Такламакан, но и покрај децениските напори за нивно сузбивање, тие сè уште претставуваат сериозна закана, особено за густо населените региони како Пекинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан
Следна Статија Почина проф. др. Александар Ношпал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Главната цел на Русија на самитот на БРИКС: Крај на доминацијата на доларот

Русија се обидува да ги убеди земјите од БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна…

October 19, 2024
СВЕТ

СМО: Глобалните температури веројатно ќе го надминат прагот од 1,5 Целзиусови степени во следните 5 години

Глобалните температури веројатно ќе бидат повеќе од 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа во следните пет години, предупредија научниците. Откако…

May 28, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас

Либералите на премиерот Марк Карни победија на изборите во Канада, но не успеаја да го освојат мнозинството што требаше да…

April 29, 2025
СВЕТ

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?

Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се  најсериозните кандидати за следен поглавар на Римокатоличката црква пред почетокот на конклавата во среда,…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?