Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Шарената револуција е завршена; наведе пет барања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Шарената револуција е завршена; наведе пет барања
БАЛКАН

Вучиќ: Шарената револуција е завршена; наведе пет барања

Објавено April 12, 2025 21:30
Сподели
Сподели

Пет барања до институциите изнесе денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во говор на митингот „Не ја даваме Србија“ што се одржува во Белград. Како прво барање – Надлежните органи и институции, пред се надлежните обвинителства, да покренат соодветни постапки од нивните надлежности со цел да се воспостави ред и мир во државата, како и целосно почитување на Уставот и законите.

„Институциите што беа киднапирани да им се вратат на граѓаните како носители на националниот суверенитет, вклучително и јавниот медиумски сервис на Србија, што е еден од клучните учесници во обоената револуција“.

Тој доаде дека бара да се утврди правна одговорност на сите лица кои учествувале во, како што рече, вандалски напади и напади врз граѓани за време на нивните мирни собири во Србија, а особено да се откријат и казнат сторителите, поттикнувачите и помагачите на „дивјачките напади врз мирно собраните граѓани во Ниш на 21 март 2025 година“.

Вучиќ побара на секој ученик и студент да му се даде можност да оди се школува или да студира ако сака.

Четврто барање – бара да се откријат сторителите, поттикнувачите и помагачите во извршување на активности штовклучуваат напади врз витални државни институции и објекти и да се спречи преземање такви активности во иднина.

Петто – Да се спречи каква било активност што самоволно и незаконски ја парализира економската активност и ги спречува граѓаните да ги извршуваат своите животни активности на нормален начин, усогласено со јавниот ред во кој секој може да смета на фактот дека во едно демократско општество државата ќе ги заштити нивните витални животни интереси.

„Конечно, ви порачуваме, на оние до кои се упатени барањата, а јас се вклучувам и себеси, макар и во мал дел, дека ќе се бориме секој ден со демократски и мирни средства, додека не се исполнат нашите барања во целост и нема да се откажеме додека не се исполни секое целосно“, рече Вучиќ.

Toj нагласи дека оние кои протестираат почнале да ја уништуваат државата.

„Можете се да ни допрете, но ние имаме една прекрасна карактеристика. Кога некој ќе ја допре нашата земја и сака да ја уништи, тогаш сите ние се обединуваме и маршираме со тробојното знаме и нема да дозволиме никој да ни ја уништи државата“.

„Готово е со нивната обоена револуција, можат да шетаат колку сакаат, нема ништо“, нагласи тој.
Во врска со новото движење тој вечерва порача дека националното движење е потребно поради нова енергија и сила, но и „да не потсети на најважните вредности во нашето општество, како и затоа што е потребен план за развој на Србија до 2035 година“.

Вучиќ изрази благодарност до сите кои дојдоа денеска на митингот.

„ Ви благодарам на сите вас сестри и браќа од Република Србија кои дојдовте во Белград за да покажете колку ја сакате Србија и главниот град, ви благодарам и на вас од Република Српска и од Црна Гора, Северна Македонија. Ви благодарам на сите што дојдовте во вашиот Белград денеска. Ви благодариме на граѓаните од другите делови на Србија, не само од Косово и Метохија, кои дојдовте во Белград, и ви благодарам, белграѓани, за огромната, прекрасна поддршка“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќоку: Коалицијата „Вреди“ продолжува заедно, ќе разговараме за детали за Локалните избори
Следна Статија Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Сместена во срцето на Балканот, Македонија е земја на фасцинантни природни контрасти, од живописни рамници до планини што се издигнуваат…

March 5, 2025
БАЛКАН

Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени 80 куршуми

Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ од Цетиње, кој е осомничен дека вчера во Црна Гора убил…

January 2, 2025
БАЛКАН

Српските студенти: Единствено што може да се случи на Вучиќ е да го убиjaт

Граѓанска војна и убиство на Вучиќ предизвикува студентот  Срѓан Ѓуриќ во снимката што беше објавена вчера. Главниот уредник на „Информер“…

March 14, 2025
БАЛКАН

На денешен ден Солана даде наредба да се бомбардира Србија

На денешен ден пред 26 години почнаа воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Сирените за воздушен напад се…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?