Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Уништени месо, јајца, бои, мед во вонредните контроли пред Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Уништени месо, јајца, бои, мед во вонредните контроли пред Велигден
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Уништени месо, јајца, бои, мед во вонредните контроли пред Велигден

Објавено April 13, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи. 

За утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3650 евра  во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување. 

Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните. 

Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
Следна Статија Граѓани со часови заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а…

October 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Мој термин“ отсега со верификација на телефонски број

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на мајмунски сипаници, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба за уште една шолја кафе, голема е веројатноста…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?