Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Успешно завршен вселенскиот лет на Блу Оринџ: Кети Пери и Глеј Кинг ја бакнаа земјата, а Лорен Санчез својот Џеф Безос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Успешно завршен вселенскиот лет на Блу Оринџ: Кети Пери и Глеј Кинг ја бакнаа земјата, а Лорен Санчез својот Џеф Безос
ЗАБАВА

Успешно завршен вселенскиот лет на Блу Оринџ: Кети Пери и Глеј Кинг ја бакнаа земјата, а Лорен Санчез својот Џеф Безос

Објавено April 14, 2025 21:46
Сподели
Сподели

Утрово во 7 часот по локално време шест жени, меѓу кои и пејачката Кети Пери и свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, полетаа во вселената, а летот траел само 10 минути и 30 секунди. По пристигнувањето на земјата, видеото од излегувањето на шестчлениот женски екипаж од капсулата го пренесе „Би-би-си“.

Имено, компанијата „Блу Ориџин“, која е во сопственост на Џеф Безос, ја лансирала ракетата „Њу Шепард“ и во таа капсула немало ниту инженери, ниту астронаути, туку само шест жени. Тие летале во вселената до линијата Карман – границата на вселената на надморска височина од околу 100 километри и назад.

Кога се вратиле на земја, Кети Пери најпрвин клекнала и ја бакнала земјата и тоа било овековечено на слика која веќе кружи на социјалните мрежи, а истото тоа го направиla и популарната водителка Гејл Кинг.

Katy Perry seemingly kisses the ground after returning from Space. pic.twitter.com/ugi07THOjC

— Pop Base (@PopBase) April 14, 2025

За време на преносот во живо, женската екипа се слушала како возбудено реагирала додека гледала во Месечината. Видеото имало прекини по околу пет минути, а го следеле 305.000 гледачи. Иако не била прикажана во преносот, Кети Пери го исполнила ветувањето да пее во вселената. Таа ја отпеала песната „Каков прекрасен свет“ (What a Wonderful World).

Џеф Безос беше тој што ја отвори капсулата и им посака добредојде на жените назад на Земјата.

Кои се жените кои полетаа во вселената денес?

Лорен Санчез – новинарка и идна сопруга на Џеф Безос,

Гејл Кинг – позната американска ТВ водителка,

Кети Пери – поп ѕвезда која изгради светска слава,

Аманда Нгујен – активистка за човекови права и првата Виетнамка во вселената,

Керијен Флин – продуцентка,

Ајша Боу – ракетната научничка.

Овој шестчлен екипаж е првиот целосно женски екипаж кој летал во вселената сам по 60 години.

Пред самиот лет, Кети Пери, Гејл Кинг и Лорен Санчез признаа дека се нервозни, но и возбудени поради можноста да летаат во вселената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарскиот парламент ги изгласа уставните измени за забрана на јавните ЛГБТ активности
Следна Статија Комедија на клупата на Барселона: Кој прдна? Ова е одвратно (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Џенифер Лопез со провокативен танц „ја запали сцената“ во Абу Даби/ВИДЕО

Џенифер Лопез настапи во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а видеото од концертот што го сподели на Инстаграм…

February 23, 2025
ЗАБАВА

Делумно затемнување на сонцето, видливо во Европа и Африка

При делумното затемнување на Сонцето овој викенд Месечината изгледаше како одгризок од Сонцето воодушевувајќи ги гледачите на небото од Лондон…

March 29, 2025
ЗАБАВА

БОЖИЦА НА УБАВИНАТА: Моника Белучи позираше во тесен фустан и халтери (ФОТО)

Моника Белучи, италијанската актерка и манекенка која ја нарекуваат најубава жена на светот, позираше за насловната страница на кинеското издание…

November 13, 2024
ЗАБАВА

Мухамед е најпопуларно име за машките во Велика Британија, Оливија за женските бебиња

Најпопуларно име за момчиња во Велика Британија, според Британското биро за статистика, е Мухамед. Некогаш малиот Британец беше Ноа, Оливер……

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?