Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ

Објавено April 15, 2025 21:42
Сподели
Сподели

Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ. Денеска заменик амбасадорот на ЕУ за Македонија, ги потсети крупните политички актери дека корупцијата не парира со демократскиот и економскиот напредок на државата.

„Како што знаеме сите, корупцијата е сериозен проблем во Северна Македонија и во Западниот Балкан, а тоа е внесено и во консекутивните извешаи на ЕУ. Таа има влијае не само врз демократијата, туку и врз економскиот развој на државата и на регионот, но исто така влијае и на нивниот европски пат“ изјави Бен Нупнау, заменик-шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

Дополни дека корупцијата мора да биде забележана првенствено од политички лидери, а граѓанскиот сектор треба да бара транспарентност и oдговорност од институциите.

Кој како ја зема власта, ја заробува државата. Ова е феномен во изминатите 10 години, смета и Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

„Заробената држава, односно како институциите не функционираат, односно се заробуваат од страна на владејачките партии што треба да го согледаме како феномен и превенираме за понатаму, бидејќи тоа го кочи развојот на државите. Бидејќи се губи довербата во системот како што викаат и самите политичари и со тоа институциите не ја извршуваат својата функција, корупцијата расте, а развојот е намален“, ијзави Кржаловски од МЦМС.

Последното истражување на МЦМС, објавено минатата година покажува дека 31% од граѓаните се соочиле со ситуација во која им било побарано мито. 26% од испитаниците потврдиле дека дале мито за да завршат одредена работа.

На денешната панел дискусија „Борба против корупцијата“, се судрија ставовите на политичарите и невладиниот сектор за имплементација на иновации против нелегалната моќ, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палчо глумеше лудило на минатото рочиште, утре ќе го испитуваат обвинителките
Следна Статија Еден месец по пожарот во Кочани во истрагата опфатени 60 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е симбол на корупцијата во здравството

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Наќе Чулев вели дека излегле на виделина причините за елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем

Внатрешните истраги во Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како и известувањата поднесени до ОЈО за грубо кршење…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на…

January 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?