Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дури и комесарката за проширување признава дека и да го смениме Уставот, Бугарија може пак да блокира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дури и комесарката за проширување признава дека и да го смениме Уставот, Бугарија може пак да блокира
МАКЕДОНИЈА

Дури и комесарката за проширување признава дека и да го смениме Уставот, Бугарија може пак да блокира

Објавено April 16, 2025 10:45
Сподели
Сподели

Никој не може да и даде гаранции на Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја. 

– Разбираме дека ова не е лесно прашање. Промена на Устав. Сфаќаме и тоа е многу човечки и разбирливо што вашата земја сака да има гаранции по се она што го помина. Гаранции не може да има, но она што го очекувам од сите земји членки кога има билатерални прашања, е разговорите да се водат со добра волја и со визија да се дојде до компромис, рече Кос. 

Таа нагласи дека ова не значи дека ЕК не работи на тоа да и помогне на земјава да ги започне преговорите по кластери, потенцирајќи дека лично е ангажирана околу билатералното прашање со Бугарија и дека денеска заминува за Софија на средби со сите бугарски политичари, а потоа ќе контактира и со политичарите во земјава. 

– Најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во пристапниот процес. Тоа не значи дека билатералните прашања не се важни. Знаете, можам да разберам дека Унгарија се бори за своето малцинство (во Украина). Можам да разберам дека и Бугарија го прави истото, но лошо е кога ова навистина се меша со процесот на пристапување, рече Кос. 

Таа изрази надеж дека наскоро ќе се најде решение за деблокада на пристапниот процес на земјава и дека откако ќе се случи тоа ќе може без никакви нови услови да започнат преговорите по кластери.  

– Затоа ние порачуваме, ве молиме направете ги реформите и бидете подготвени да го отвориме првиот кластер, рече еврокомесарката за проширување. 

Кос нагласи дека во сегашните услови целосно ја разбира фрустрацијата на луѓето во земјава.  

– Знаете, кога се распадна Југославија, Македонија, во тоа време, беше втора најразвиена република во поранешна Југославија. За споредба, да речеме ако Украина треба да чека да ги започне преговорите колку што чека вашата земја, нив ќе можеме да ги почнеме во 2045 година, додаде Кос. 

Таа потенцира дека иако има нова динамика во процесот на проширување, сепак тој останува заснован на заслуги, но она што сега позитивно влијае врз него е тоа што има нова визија на Европската Унија за забрзување на пристапувањето.  – Од друга страна, ние исто така, особено преку Планот за раст, се соочуваме се еден вид притисок од колегите, особено во Западниот Балкан. И тогаш имаме разлики. На пример, знаете Албанија беше заедно со Македонија. Сега, по раздвојувањето, Албанија направи навистина добар напредок. Но, зад себе нема да оставиме ниту една земја. Ние сме силно посветени сите да ги внесеме во Европската Унија. Но, секако, ќе се држиме до заслугите и ќе видиме. Ние навистина сме силно вклучени во билатералните прашања, кои таму (на Западниот Балкан) ги има доста, потенцира Кос во интервјуто за ЕНР од која дел е и МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат
Следна Статија Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Кичево поставен автомат за млеко од фармата на манастирот „Света Богородица – Пречиста“

Новопоставениот млекомат во Кичево е најновата можност за кичевци да се снабдат со свежо кравјо млеко од фармата на манастирот…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата

Кандидатите за градоначалници и советници на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Соопшти…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На денешната прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, доби прашање дали е познат предлогот за нов министер за здраvство.…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?