Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има простор за построга казна на убиецот на Теодора: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Има простор за построга казна на убиецот на Теодора: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово
ХРОНИКА

Има простор за построга казна на убиецот на Теодора: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

Објавено April 17, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П. беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена казна затвор во траење од две години.

Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот.

Меѓу околностите поради кои обвинителството бара построга казна се особено тешките подледици од сообраќајната несреќа, во која пешакот Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди од кои потоа почина.

ОЈО Тетово го имаше предвид мислењето на Судскиот совет изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен.
Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата.

Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока.

Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обрати до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бектеши доби нови 30 дена притвор: Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци
Следна Статија Тројца загинати, меѓу кои две деца во страотна сообраќајна несреќа во Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Tурска студентка пронајдена мртва во стан во Штип

Пронајдена е починато помладо женско лице во стан на улицата „Васил Главинов“ во Штип. Според станарите на зградата станува збор…

May 7, 2026
ХРОНИКА

Судот го одложи судењето, Штекли добил епилептичен напад

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, е одложено за 9 октомври.…

October 1, 2025
ХРОНИКА

Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски

Ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина. 45 годишен полициски началник од Кочани доби кривична пријава за злоупотреба на службената…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?