Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
МАКЕДОНИЈА

Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила

Објавено April 18, 2025 19:32
Сподели
Сподели

 Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска бил во посета на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин.

-Овој значаен чекор претставува резултат на заедничката идеја што ја инициравме пред неколку месеци заедно со колегите од ГП Дојран и Регионалниот Центар Југ. Денес, таа идеја стана реалност, истакнал директорот на БЈБ Јанев, дополнувајќи дека по децении, по транзиции на држави и администрации, ГП Дојран добива нова димензија, нов изглед кој овозможува побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила.

Со новите капацитети, според него, значително се намалува времето на чекање, особено во периодите со зголемен сообраќај.

-Овој проект не е значаен само за локалната заедница – регионот, туку и Македонија како и странските туристи кои добиваат вистинска можност за полесно и побрзо преминување на границата со Грција, преку ГП Дојран. Веруваме дека ова ќе придонесе за зголемување на туризмот, економска размена и уште подобра поврзаност меѓу двете земји. Ова е само уште еден доказ дека кога има волја и визија – резултатите не изостануваат, посочил Јанев, соопштуват од Министерството за внатрешни работи.

Директорот на Бирото за јавна безбедност денеска исто така остварил и работна посета и на ГП Богородица, каде директно од прва линија извршил увид на контролата и протокот на патници и сообраќај.

-Со новопоставениот раководител на ГП Богородица разговаравме за важноста на оваа контролна точка, за потребата од професионално, одговорно и посветено работење на сите полициски службеници кои работат на овој премин. На колегите им нагласив дека постојано се залагам и ќе се залагам за унапредување на условите, знаењето и посебно модернизацијата на полицијата со помош на современите дигитални алатки, кој секој полициски службеник треба да ги гледа и користи како придобивка и олеснување на работењето а не како терет или појава од која треба да се плашат, потенцирал тој.

Јанев нагласил и дека носењето на полициската униформа не е само професија, тоа е гордост и обврска, со што, како што посочил, се претставува државата и секој униформиран полициски  службеник има чест да биде репрезент на националните вредности.

Продолжува посветеноста кон унапредување на граничната инфраструктура и создавање услови за модерен, ефикасен и безбеден граничен премин за сите граѓани, порачал директорот на БЈБ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три лица загинаа вечерва кај Кичево по сообраќајка на патот Кичево-Гостивар
Следна Статија Денеска е Велика Сабота – денот што ги спојува распнувањето и радоста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации

Денеска се одржа 25тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија. За портпарол на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје

Скопје влегува во нова ера на урбан развој – главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, која ќе…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нас, снегот не може да не изненади

Нас, снегот не може да нѐ изненади, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Градот Скопје е подготвен.…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?