Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

Објавено April 19, 2025 10:13
Сподели
Сподели

„Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“ вели министерот за транспорт, Александар Николоски.


Според него, „со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија“.

„До сега, со завршен асфалт комплетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри. Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растоварување косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда“ вели Николоски.

Смета дека „согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона“.

„Oстанува да се до асфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.
Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го поттикнувме економскиот развој на Охрид“ смета Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во сообраќајна несреќа загина Никола Покривач, поранешен хрватски фудбалски репрезентативец
Следна Статија Најголема студија досега покажува дека медицинскиот канабис има потенцијал во лекувањето на ракот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СандиСк достигнува историски врв: Пазарот на меморија се подготвува за огромен раст

Технолошкиот гигант бележи импресивен раст во индустријата на дигитални мемории

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоскa: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата…

November 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?