Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите

Објавено April 19, 2025 22:48
Сподели
Сподели

Во тек се вонредните контроли, а поинтензивно ќе се спроведуваат по Велигден и нема никакво одложување, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески за спроведувањето на законската мерка со која трговците се обврзуваат на своите веб-страници да ги објавуваат цените на производите и секојдневно до 10 часот да ги ажурираат.

Според Ристески прво ќе стигнат опомените, а казните за неспроведувањето на мерката која започна вчера да се применува, се од 500 до 10 000 евра.

Како што почна мерката да се применува, така и пазарниот инспекторат има вонредни контроли. Засилени контроли ќе има по Велигденските празници. Казните за сите оние кои нема да ја почитуваат оваа транспарентност преку нивните веб-страници, содржана во Законот за заштита на потрошувачите, се од 500 до 10 000 евра, рече Ристески.

Се очекува сите трговци да ја почитуваат мерката и нема никакво одложување, иако имаше одредени барања, особено од аптеките. Можна е средба со нив идната недела.

Очекуваме сите трговци на мало да ја почитуваат мерката. Мерката стапи во сила од 4 март. Имаше период од 45 дена за приспособување. Мислам дека тој период е доволен. Голем број трговци веќе имаат свои веб-страници, само требаше да воведат ценовници и она што го предвидува Законот. Одлагање нема да има. Знам дека има одредени барања и како што најави Министерот, можеби наредната недела ќе имаме средба со некои од тие здруженија на аптеки, на трговци на мало. Одлагање нема да има, треба да се применува и да се спроведува, во интерес е на заштита на стандардот на граѓаните преку транспарентното објавување на сите цени, односно, граѓаните да може сами да одлучуваат каде би ги купувале производите и по која цена, изјави Ристески.

Со оваа и другите мерки се очекува на подолг рок да има заштита на животниот стандард на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во една вечер паднаа Лото плус од 1,7 милиони евра и Џокер вреден 220 илјади евра во Србија
Следна Статија Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?