Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски со велигденска порака: „Да ги менуваме работите заедно и да изградиме праведно општество“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски со велигденска порака: „Да ги менуваме работите заедно и да изградиме праведно општество“
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со велигденска порака: „Да ги менуваме работите заедно и да изградиме праведно општество“

Објавено April 20, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски им го честиташе Воскресението Христово на сите граѓани, упатувајќи порака за надеж, заедништво и духовна сила во време на големи општествени предизвици.

Во овие свети денови на Христовото Воскресение, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки во мое лично име и во името на Владата. Нека оваа Пасха донесе духовна радост, мир и благослов во секое македонско семејство“, порача премиерот.

Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека Христовото Воскресение е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината, и истакна дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е столб на македонскиот идентитет и духовност.

„Вашата улога во зачувување на верата, традицијата и моралните вредности е од непроценливо значење за нашето општество“, посочи тој, додавајќи дека Владата останува посветена на заштита на духовните и семејните вредности во време на брзи општествени промени и глобални притисоци.

Мицкоски подвлече дека граѓаните се соочуваат со реални проблеми и грижи, но изрази решителност да се работи заедно за подобра иднина.

„Јас сум цврсто и непоколебливо решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста и ударите кои треба да не поколебаат“, изјави тој, нагласувајќи дека грижата за ближниот и вербата во Бог се темел на силно и одговорно општество.

На крајот од пораката, премиерот упати благослов за државата: „Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество. Бог да ја чува Македонија. Христос Воскресе!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Христос Воскресе – Вистина Воскресе!
Следна Статија Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо, осветени водите на езерото

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Не е прв пат тој да е…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

На подрачјето на скопскиот регион не се евидентирани нарушувања на редовната состојба. Во моментов нема врнежи од дожд или снег…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?