Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А
СПОРТ

Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А

Објавено April 21, 2025 12:09
Сподели
Сподели

По веста за смртта на папата Франциско, кој почина во утринските часови на 21 април 2025 година, италијанската фудбалска лига Серија А донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари, вклучително и натпреварите на Примавера 1, поради почит кон починатиот поглавар на Католичката црква, Хорхе Бергољо.

Одлуката се однесува на 33-то коло во Серија А, кое е одложено до понатамошно известување. Од Здружението велат дека овој потег го следи примерот од 2005 година, кога по смртта на папата Јован Павле Втори, исто така имаше прекин на спортските настани низ Италија.

Да потсетиме дека тогашниот претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ), Џовани Петручи, нареди суспензија на сите спортски натпреварувања, вклучително и натпреварите во Серија А, веднаш по објавувањето на веста за смртта на папата.

Голема е веројатноста овојпат сите натпревари да бидат презакажани, согласно календарот за натпреварување и обврските на клубовите.

Натпревари кои во моментов се одложени:

  • Торино – Удинезе
  • Каљари – Фиорентина
  • Џенова – Лацио
  • Парма – Јувентус

Се очекува Лигата во наредните денови да објави нови термини за овие натпревари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
Следна Статија Кина ги предупредува другите земји да не склучуваат трговски договори со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ

Аргентинецот Лионел Меси зборуваше за „Ејпл ТВ“ (еден од главните спонзори на Интер Мајами) за времето поминато во Пари Сен…

March 1, 2025
СПОРТ

Македонските ракометари денеска одмараат пред утрешниот меч со Катар

 Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025. Избраниците на…

January 22, 2025
СПОРТ

Maкедонските кошаркари тргнаа со шпанскиот селектор

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал, од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација. Новиот македонски селектор…

February 23, 2026
СПОРТ

Maкедонските репрезентативци ќе добијат премија од 600.000 евра

Освоената група во Лигата на Нации значи за македонската фудбалска репрезентација богата премии од Фудбалската федерација на Македонија . Благодарение…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?