Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
СВЕТ

Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

Објавено April 21, 2025 14:59
Сподели
Сподели

По смртта на папата Франциск, Римокатоличката црква влегува во период на седисваканција, што го означува периодот во кој папската фотелја е празна. Терминот доаѓа од латинскиот израз „sede vacante“, т.е. „празна столица“ и се однесува на времето во кое Црквата е управувана од Кардиналскиот совет, додека не се избере нов папа.

За време на седисваканцијата, папските овластувања не се префрлаат на никого, а кардиналите имаат многу ограничени административни одговорности кои се регулирани со апостолскиот устав „Universi Dominici Gregis“ на папата Јован Павле Втори.

Во овој преоден период, мандатот на повеќето официјални претставници на Ватикан завршува, освен на три клучни позиции.

Кардиналот камерленго, кој моментално е ирскиот кардинал Кевин Фарел, викарот на Рим – италијанскиот кардинал Балдасаре Реина и Големиот пенитенцијар – италијанскиот кардинал Анџело Де Донатис, продолжуваат со своите функции, а Кардиналскиот совет го презема управувањето со Црквата, обезбедувајќи ги секојдневните административни работи и подготовките за конклавата.

Изборот на нов папа, познат како конклава, започнува откако папската фотелја е празна, или поради смрт или, како во случајот со Бенедикт Шеснаесетти, оставка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку време може да се јадат велигденските јајца?
Следна Статија Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,…

October 14, 2025
СВЕТ

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина е непријател на Унгарија затоа што барала од Брисел Унгарија да не…

February 7, 2026
СВЕТ

Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар

Ајфеловата кула е евакуирана по дојава за пожар, јавија француските медиуми. Изјавија дека пожарот бил забележан во еден од лифтовите…

December 24, 2024
СВЕТ

(Видео) Трамп: Зеленски е голем човек, НАТО треба да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк по неговиот говор пред Генералното собрание на…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?