Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена
МАКЕДОНИЈА

Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена

Објавено April 22, 2025 09:15
Сподели
Сподели

По трагичната несреќа во која животите ги загубија 62 млади лица, граѓанската иницијатива објавена на Facebook-страницата „Кочани“ повикува на обединување, заедништво и изградба на поинакво, посовесно и почитувано општество. Со силна порака дека „им должиме“ на загинатите и повредените, објавата ја критикува политичката апатија и нефункционалноста на системот, повикувајќи на граѓанска активност и свест.

„Децении наназад не учеа да молчиме. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста“, се вели во објавата, која го осудува постојниот политички систем и културата на пасивност што, како што се наведува, придонела за трагедијата.

Истовремено, се повикува на создавање на „нова политичка култура“ преку граѓански ангажман и заедничко делување. Од мали иницијативи по маала – уредување јавни површини, поставување корпи за отпадоци, до организирање собири на отворено и вмрежување на граѓаните со локалната самоуправа – се предлага модел на заедништво и одговорност што ќе ја трансформира општината.

Посебен акцент се става на поддршката на новиот независен градоначалник, за кого се вели дека „не може сам“, но дека претставува шанса за искрена промена, само ако добие поддршка од активните граѓани.

„Да изградиме Кочани. Одново. Со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Им должиме“, завршува објавата – како повик за обнова на градот, но и на заедницата, вредностите и свеста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
Следна Статија Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, што ќе се реализира утре и во петок. Од…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени

Во формалните мировни процеси женското учество сè уште е симболично, за што говори фактот дека минатата година само седум отсто…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се надева дека до 12 септември, за кога е закажана последната седница во Собранието…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?