Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници
ПОЛИТИКА

ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници

Објавено April 22, 2025 14:41
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО – ДПМНЕ, соопшти портпаролот на движењето, Никола Мемов на денешната прес-конференција.

Во делот за настапот на локалните избори, рече дека партиското раководство размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот на соработка за избор на кандидати за градоначалници во општините, размислуваат за соработка и заемна поддршка со ВМРО – ДПМНЕ.

Тој сепак нагласи дека кандидатите на ЗНАМ ќе бидат самостојни кандидати, поддржани од ВМРО – ДПМНЕ и нивната коалиција. Досега, како што кажа, разговарале исклучиво со коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ.

На новинарско прашање, дали е можна поддршка и коалиција со некоја друга партија, тој одговори дека, конечниот заклучок и соработка за евентуална таква поддршка на локалните избори, ќе било одлучено од органите и телата на партијата.

Запрашан дали актуелниот министер за здравство Арбен Таравари треба да биде надвор од владиниот кабинет, по превирањата во „Вреди“, рече дека ставот на ЗНАМ е многу јасен, дека тоа е внатрешно прашање на коалицијата „Вреди“, а останувањето на партијата на Таравари зависело од ставот на премиерот.

Мемов, исто така, се осврна и на заклучоците донесени на последната седница на централниот одбор на „ЗНАМ“ – „За наша Македонија“.

– Почнувајќи од утре, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и именувани функционери од движењето ЗНАМ, ќе ги посетат сите општини во Република Македонија и ќе одржат средби со сите членови, симпатизери, но, исто така и граѓани, со цел директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, што ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори. Како и секогаш, движењето ЗНАМ, своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните, рече Мемов.

Во програмата на движењето за локалните избори, главниот фокус ќе бил на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.

На средбите, заедно со граѓаните ќе била извршена соодветна анализа, по што ќе следувала и идентификација на квалитетни кадри – кандидати за градоначалници и кандидати за советници, кои можат да направат вистинска разлика на локално ниво.

Во таа насока, формирани биле четири каравани што, како што беше кажано, ќе ги предводат претседателот Максим Димитриевски, генералниот секретар Горан Минчев и двајцата потпретседатели – Весна Бендевска и Павле Арсовски.

Мевов додаде дека донеле одлука за одржување на втор изборен конгрес на движењето, каде ќе бидат избрани претседател на партијата, како и централниот и надзорниот одбор. Конгресот ќе биде оддржан во втората половина на месец јуни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата
Следна Статија Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ОБСЕ за изборите: Koкурентни, но засенети од правни недостатоци и политичка поларизација

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ избра нов Централен одбор, ова се членовите

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?