Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево
ХРОНИКА

Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево

Објавено April 23, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до 24.03.2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани.

При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот.

На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија
Следна Статија Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Седум лица од тимот на ДНК загинаа во пожарот

Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Покрај Андреј, починати се и музичарот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Уапсени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Гори Безистенот во Струга (ВИДЕО)

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро. На терен се четири возила на Територијалната против пожарна…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?