Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ
БАЛКАН

Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ

Објавено April 24, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина.

Неколку инспектори на СИПА, без поддршка од вооружени полицајци во униформи, се обидоа да влезат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево за да му го врачат на Додик налогот за апсење, но тешко вооружени членови на МВР на РС го спречија нивното приближување.

Портпаролката на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди дека се работи за обид на Додик да му се достави наредба од Судот на Босна и Херцеговина.

Можам да потврдам дека членови на СИПА беа во административниот центар на владата на Република Српска во Источно Сараево, во врска со постапувањето по наредбата на Судот на Босна и Херцеговина во врска со кривичното дело неизвршување на одлука на Уставниот суд. Тие се обиделе да ја спроведат наредбата, но биле спречени од МВР на РС,  изјави вчеравечер Миовчиќ за порталот „Дневни аваза“.

Агентите на СИПА се повлекле, а полицијата на РС ја зголеми безбедноста околу зградата во Источно Сараево каде Додик се состана со локалните лидери. На крајот од средбабата Додик на присутните новинари им изјави дека не се плаши од апсење, а СИПА и Судот на Босна и Херцеговина ги нарече окупаторска сила која нема да дозволи да дејствува на територијата на РС.

Ако мислат дека полицијата на РС ќе се скрие, тие се луди, рече Додик, нагласувајќи дека се чувствува доволно заштитен. Тој додаде дека е дојдено време да се види кој ги крши законите, а на инспекторите на СИПА им порача дека дури сега ќе видат што не можат, пренесе Хина.

Тој, исто така, му се закани и на високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, дека сега ќе види како некој се приведува за „ лажно претставување“. Тој рече дека Шмит се однесува „криминално и фашистички“, па тврди дека високиот претставник подготвува закон за статусот на државна сопственост на БиХ и во тој случај РС веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.

 Ќе го одвоиме и ќе го браниме својот имот, рече Додик.

Министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, им рече на новинарите дека неговите полицајци ќе го заштитат Додик.

Министерството за внатрешни работи на РС има доволно капацитет да ги заштити сите граѓани на РС и носителите на најважните институции, рече Каран.

EKSLUZIVAN SNIMAK IZ ISTOČNOG SARAJEVA!!
Pripadnici SIPE došli do Administrativnog centra Vlade RS gdje se nalazi predsjednik RS-a Milorad Dodik! pic.twitter.com/uPRZ13rsxf

— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) April 23, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановска објаснува за што точно Јакимовски доби 3,5 години затвор
Следна Статија (Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ со одговор на „Гардијан“: Србија не прифаќа насилни улични протести

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е демократска земја и дека нема да прифати насилни улични протести или насилство…

August 30, 2025
БАЛКАН

„Македонски јазик не постои, а историјата ни е заедничка“: Со Румен Радев на чело на Бугарија Македонија не може да се надева на преговори со ЕУ

„Не можеме да допуштиме легитимација на македонизмот“, „Македонски јазик не постои“. Се противиме и на името Северна Македонија“. Ова се…

April 21, 2026
БАЛКАН

Прва исповед на таткото на загинатите девојчиња Сара и Тина во Нови Сад: Немам зборови да ја опишам оваа тага и болка

Најтажната вест за трагедијата на железничката станица во Нови Сад утрово ја соопштил нивниот дедо Бранко Матиќ од Лозница, кој…

November 2, 2024
БАЛКАН

Имала нешто работа: Љубоморен Хрват и го запалил aвтомобилот на девојката затоа што цел ден не му се јавувала на мобилен

Маж (30) е осуден затоа што и го запалил автомобилот на девојката откако таа одбила да му одговори на мобилниот…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?