Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт
СПОРТ

(Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт

Објавено April 24, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Бостон и Кливленд го одбранија домашниот терен, поведоа со 2:0 во сериите против Орландо односно Мајами, додека Хјустн изедначи на 1.1 против Голден стејт.

Актуелниот шампион Бостон Селтикс го победи Орландо со 109:100 и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум.

Натпреварот беше решен во третиот период во кој тимот од Масачусетс стекна предност од 15 поени. До крајот не дозволија ривалот да се спушти на помалку од осум поени.

Џејлен Браун постигна 36 поени, 10 скока и пет асистенции, додека Кристапс Порзингис забележа дабл-дабл со 20 поени и 10 скока. Банкеро со 32 и Франц Вагнер со 25 поени го предводеа Орландо.

Кливленд го победи Мајами со 121:112. Со мали проблеми во финишот, Кавалирс лесно славеа и поведоа со 2:0 во серијата.

Мичел со 30, Гарланд со 21 и Мобли со 20 поени беа најистакнати кај победниците, додека кај гостите како и обично во плејофот се истакна Тајлер Хиро со 33 поени.

Кошаркарите на Хјустон израмнија на 1:1 против Голден стејт со победата 109:94. Џејлен Грин го предводеше Хјустон со 38 поени, од кои осум тројки од 18 обиди. Тој имаше и шест асистенции, четири скока и три украдени топки.

Грин стана третиот играч во историјата на франшизата кој постигнал 35+ поени во плејоф натпревар на возраст под 23 години.

Тој им се придружи на Хаким Олајџувон кој го направи тоа четири пати и Џејмс Харден кој успеа само еднаш.

Алперен Шенгун постигна 17 поени, со 16 скока и седум асистенции, Дилон Брукс 16 поени.

Голден стејт во ниту еден момент не водеа, а од крајот на првата четвртина тимот без Џими Батлер кој при пад по прекршок ја повреди карлицата.

Најефикасен во тимот беше Стивен Кари со 20 поени, девет асистенции и пет скока. Тој стана 11-тиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 4.000 поени во плеј-офот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ
Следна Статија Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пред 35 години ја рушеше Југославија, сега ќе биде на чело на Динамо

Звонимир Бобан е блиску до враќање во Динамо, прашање е само во кое својство. Легендарниот фудбалер пред неколку дена потврди…

April 15, 2025
СПОРТ

Еве каков хаос оставија косовските фудбалери во соблекувалната

Косово синоќа играше меч од Лигата на нации против Романија во Букурешт. За пласман погоре им требаше победа од 3-0.…

November 16, 2024
СПОРТ

Многу легенди ја видоа победата на Интер во Копа Италија

ж   Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа…

May 14, 2026
СПОРТ

Eлмас пристигна во Торино 

Елиф Елмас пристигна во Торино Тој во Италија се враќа на позајмица, а Торино ќе има можност да го откупи…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?