Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
ЗАБАВА

Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи

Објавено April 24, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Кашмира Булсара (73), сестрата на легендарниот Фреди Меркјури, наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин затоа што ги продавала личните работи на Фреди, пишува „Д Сан“.

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувала на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите.

„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, вели изворот.

Меѓу предметите кои наводно ги купила Кашмира се џубокс, елекот со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната „Овие се деновите од нашиот живот“ и осум страници работни верзии на текст.

Мери и Фреди се запознале во 1970 година, кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди и признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери негова сопруга. Тие останале во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот
Следна Статија Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина пејачката Бони Тајлер, позната по хитот „Total Eclipse of the Heart“

Пејачката Бони Тајлер, позната по голем број хитови, вклучувајќи ја и „Total Eclipse of the Heart“, почина на 76-годишна возраст.…

July 9, 2026
ЗАБАВА

Амазон целосно ликвидира Fitbit Charge 6 по повод Cyber Monday со рекордно низок производ

Уживајте во следење на здравјето, прецизно GPS следење и шест месеци premium анализи по речиси 40% попуст.

December 2, 2025
ЗАБАВА

Најдобрите Nintendo понуди за Црн Петок 2025: Попусти на Switch конзоли, игри и повеќе

Еве што е достапно сега кога Nintendo официјалната Црн Петок 2025 продажба е веќе активна кај сите големи малопродажни трговци.

November 30, 2025
ЗАБАВА

Објавена листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

На најновата листа на 50 најдобри појадоци во светот, еден деликатес од Србија се најде на високо второ место. Македонскиот…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?