Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката на Антикорупциска осомничена во случајот „Адитив“: Мерки за претпазливост за Димитровска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Претседателката на Антикорупциска осомничена во случајот „Адитив“: Мерки за претпазливост за Димитровска
ХРОНИКА

Претседателката на Антикорупциска осомничена во случајот „Адитив“: Мерки за претпазливост за Димитровска

Објавено April 24, 2025 16:35
Сподели
Сподели

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, без да прецизираат имиња, велат дека во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица, објави телевизијата Телма.

Од Обринителството за Курир.мк изјавија: „Во рамките на предметот Адитив од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале информации во текот на утрешниот ден“.

– Точно е, претседателката на ДКСК во моментов е во Кривичен суд и за неа е доставен предлог за определување мерки за претпазливост. Значи, не е определен притвор, туку само мерки за претпазливост. Во моментов не би можеле да процениме кога точно ќе биде изведена пред судија – изјавија од Кривичен суд за Плусинфо.

Во криминалот проценет на 65, милиони евра инволвираните се сомничат за перење пари, злоупотреба на службена должност и злоупотреба на постапката за јавен повик. Ова се кривичните дела за кои се сомничат 23 лица во случајот именуван „Адитив“. Обвинители, истражители и полицајци извршиле 77 претреси во Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека издадени се и три наредби до Управата за финансиско разузнавање и низа наредби за обезбедување на податоци до надлежните инститиции и Минитерството за надворешни работи.

Според соопштението од Обвинителството, во период од април минатата година до август годинава, дел од осомничените во својство на службени лица во АД ЕСМ и Пошта на Македонија, создале криминална група. Тие се сомничат дека свесно ги изиграле правилата за јавни набавки за адитив за јаглен за потребите на РЕК Битола.

„Откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на правните субјекти во нивна сопственост, осомничените управители и сопственици на правни лица, како учесници во постапки (економски оператори), меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на наредбата, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, 190.000 кг. за потребите на РЕК Битола и 120.000кг. адитиви RPT 602 за потребите на РЕК Осломеј“ се вели во соопштението.

Во него е наведено дека со тоа осомничените се стекнале со 6,5 милиони евра. Од Обвинителството велат дека акцијата е сѐ уште во тек, дека се собираат материјални докази и дека за дополнителни детали ќе биде известена јавноста во текот на утрешниот ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
Следна Статија Мицкоски по посетата на ОАЕ: Очекувам првата убава вест да ја објавиме уште утре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицаец пишал казна за погрешно паркирање, па бил претепан

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз…

October 20, 2024
ХРОНИКА

Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР

Вчера се извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино…

December 30, 2024
ХРОНИКА

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил на патот Тетово – Јажинце

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил се случила попладнево на регионалниот пат Тетово – Јажинце, јавува репортерот на ТВ21. Како…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Педофили фатени на дело: 40 годишни мажи договараат средби со 14 годишни девојчиња

На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од организацијата „Пантери“ која во живо фаќа луѓе кои договараат средби со малолетнички. Лицето на…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?