Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томица Главчев сепак ќе го замени Перо Антиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Томица Главчев сепак ќе го замени Перо Антиќ
СПОРТ

Томица Главчев сепак ќе го замени Перо Антиќ

Објавено April 25, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Само неколку дена пред закажаното вонредно Собрание на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), сѐ поизвесно е дека нов претседател на КФСМ ќе биде успешниот бизнисмен од Гевгелија, Томица Главчев.

Според информациите до кои дојде порталот Екипа, тој ќе биде единствениот кандидат на Собранието закажано за 30 април.

Главчев, кој во изминатите 20 години е еден од најголемите приватни инвеститори во македонската кошарка, зад себе има импресивно спортско портфолио. Долги години беше главен финансиер на Кожув, краток период и на МЗТ Скопје, а како сопственик на Блокотехна го освои регионалниот БИБЛ шампионат и настапи во финале на македонскиот куп.

Покрај домашната сцена, неговата поддршка беше препознаена и надвор од границите – посебно во моментите кога Партизан Белград минуваше низ тешка финансиска криза, а Главчев важеше за клучен спонзор кој обезбеди стабилност за клубот.

Иако до неодамна се појавуваше како сојузник на Младен Ѓуроски – фаворитот кој важеше за сигурен наследник на Перо Антиќ, Главчев сепак ќе биде тој што ќе ја преземе претседателската функција.

Што се однесува до Младен Ѓуроски, тој и дел од неговиот тим сепак ќе добијат своја улога во новата структура на КФСМ. Како што дознаваме, тие ќе бидат вклучени во работата на Федерацијата, а конкретните позиции ќе се дефинираат непосредно пред почетокот на Собранието.

Собранието на КФСМ, на кое официјално треба да се изгласа недоверба за Перо Антиќ, ќе се одржи на 30 април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“
Следна Статија Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кошаркарите без „Северна“ на дресовите

Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија донесен еден новитет. Во пресрет на дуелите од претквалификациите за Светскиот куп 2027…

August 1, 2025
СПОРТ

Јас сум најголемиот виновник: Пикси даде оставка пред да заврши натпреварот, Србија остана без бодови и без селектор

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, поднесе оставка по синоќешниот пораз (0:1) од Албанија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во…

October 12, 2025
СПОРТ

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вчера поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.…

November 18, 2024
СПОРТ

248 милиони евра: Роналдо најплатен спортист

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најплатен спортист за 2024 година од страна на „Sky Sports“. Според…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?