Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите
ЗАБАВА

Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите

Објавено April 25, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Во недела, на 27 април, во 20 часот по американско време (2 часот по полноќ во понеделник по македонско време), на телевизијата FOX ќе се емитува 15-тата епизода од 36-та сезона на легендарната анимирана серија „Симпсонови“. Она што ја прави оваа епизода посебна е тоа што за првпат во историјата на серијата ќе се појави лик од Македонија.

Веста ја сподели Невена Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина стои зад детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“. Таа откри дека новиот лик во серијата е спортист кој доаѓа во Спрингфилд како вистинска сензација од Македонија – иронично, во спорт кој не е баш македонски: бејзбол.

„Креаторите на „Симпсонови“ одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт… бејзбол“, напиша Нешкоска.

Таа дополнително сподели детали за вклученоста на неа и нејзиното семејство во креирањето на епизодата.

„Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учевствувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“, објасни Нешкоска.

Епизодата премиерно ќе се прикаже во недела вечер на американската телевизија FOX, а сите љубители на „Симпсонови“ кај нас ќе можат да ја проследат онлајн во понеделник наутро.

„Па ајде понеделник рано на сабајле сите да навиваме за нашите Springfield Isotopes“, додаде Невена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
Следна Статија Престрелка во близина на Бит Пазар – едно лице повредено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова се најнемилосрдните хороскопски знаци:

Скорпија Секој што ја познава Скорпијата го знае нејзиниот став за одмазда. Доколку претставниците на овој хороскопски знак сакаат да…

December 3, 2025
ЗАБАВА

Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот избор на убавина…

May 9, 2025
ЗАБАВА

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди…

June 5, 2026
ЗАБАВА

Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2025“

Шеста година по ред македонската јавност ќе гласа за најпосакуваниот нов автомобил на изборот за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?