Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори
ПОЛИТИКА

Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори

Објавено April 25, 2025 16:11
Сподели
Сподели

СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија – како за редовните локални избори, така и за евентуални предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Како што информираше, процесите во рамките на партијата во поглед на локалните избори веќе се во тек – се спроведуваат внатрепартиски анкети во повеќе општини, се одвиваат разговори на различни нивоа, и околу десетина кандидати за градоначалници ќе бидат промовирани во текот на следната недела.

„Коалицијата предводена од СДСМ, во која учествуваат 14-15 партии, начелно ќе настапи заеднички на локалните избори. Разговорите за советничките листи се започнати, иако не во сите општини со иста динамика, имајќи предвид дека во одредени општини партиите ќе настапуваат самостојно. Но, останува определбата за заеднички настап како коалиција“, истакна Филипче.

Паралелно, додаде, започнати се и првични иницијативи за разговори со потенцијални албански коалициски партнери.

Филипче истакна дека СДСМ останува отворен за разговори со сите политички субјекти и е целосно подготвен да одговори на секој можен политички развој во наредниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност
Следна Статија Ако се докаже картелско здружување на маркетите, ќе има казни, вети Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан…

April 4, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: НАИ се распушта по избори

Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДС за наводен политички прогон во случајот со Филип Андонов Сокол, оценувајќи дека станува збор…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?