Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја
ЕКОНОМИЈА

Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

Објавено April 25, 2025 16:14
Сподели
Сподели

Во Македонија има околу 50.000 броила за струја кои влегуваат во категоријата за енергетска сиромаштија, но тоа не ги спречува голем дел од нив, најмногу во Битола да трошат струја која е најскапа, со што влегуваат во четвртиот блок, брифираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Засега останува неразјаснето како некои најсиромашни семејства можат да трошат од најскапата струја.

Разговаравме со ЕВН во Битола и пробуваме да дознаеме што се случува. Многу трошат и засега само се знае дека се приклучуваат на диво – информираше министерката за енергетика, рударство ни минерални суровини, Сања Божиновска.

За да се реши овој и на него слични проблеми од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формирале работни групи, за да се утврди точно колку и кои семејства припаѓаат на ранливите групи семејства.

Посебен дел од новиот Закон за енергетика се однесува на заштита на ранливите граѓани, при што, се воведува методологија за мерење на енергетската сиромаштија во соработка со Министерството за социјална политика. Домаќинствата што не можат да си ги платат сметките за струја ќе добијат поддршка – пониски цени преку универзален снабдувач или други снабдувачи. Владата може да одобри компензации за овие семејства, а ранливите потрошувачи ќе имаат и финансиска помош (на пример, субвенции за греење или енергетски ефикасни уреди) и нефинансиска помош (како забрана за исклучување од мрежа). Ова е за да никој не остане без струја во зима поради финансиски проблеми – вели министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако се докаже картелско здружување на маркетите, ќе има казни, вети Мицкоски
Следна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта

„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, a ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 оцени дека минималната плата во Македонија е ниска и…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп воведува нови царини насочени кон странската продажба на високо-технолошки чипови

Необичната мерка се однесува само на чипови за вештачка интелигенција произведени во странство од американски компании, и нема да се…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?