Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари
СПОРТ

ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Објавено April 26, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“.

Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА.

Со износот од седум милиони долари, овој дрес е четвртиот најскап продаден во историјата, зад дресовите на Бејб Рут (24 милиони долари), Мајкл Џордан (10,1 милион долари) и Диего Марадона (9,3 милиони долари).

„Првите натпревари се навистина уникатни моменти во кариерата на еден спортист“, рече раководителот на одделот за модерни колекционерски предмети на „Сотби“, Брам Вахтер. „Тие го означуваат потеклото на едно извонредно патување, а за легендарни спортисти како Коби Брајант, овие пресвртници имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат уникатен момент во времето што никогаш повеќе не може да се повтори.“, наведе Вахтер.

Петкратниот шампион во НБА лигата, Брајант, загина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година, во која живото го загубија а и неговата ќерка Џана, како и уште седум други лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен возачот што удри пешак кај Католичка црква
Следна Статија Се самоуби жената што ги обвини принцот Ендрју и Епштајн за сексуална злоупотреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров ја откри тајната на успехот на Алкалоид во атинскиот пекол на АЕК (ВИДЕО)

Во подкаст на порталот Екипа тренерот на РК Алкалоид Кире Лазаров ја откри тајната на успехот на неговите играчи во…

June 12, 2025

Хорнетс со триумф од 123-121 над Меверикс во напната кошаркарска битка

Возбудлива NBA пресметка со минимална разлика во поени на стадионот

January 31, 2026
СПОРТ

Ноле ќе игра во Катар

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Доха, кој ќе започне на 17 февруари. Според српскиот портал „Sportal“,…

February 8, 2025
СПОРТ

Комедија на клупата на Барселона: Кој прдна? Ова е одвратно (ВИДЕО)

Барселона не блескаше, меѓутоа ја оствари целта и ги освои трите бода на гостувањето во Мадрид кај Леганес и со…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?