Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РК Алкалоид испиша историја – ќе игра европско финале!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > РК Алкалоид испиша историја – ќе игра европско финале!
СПОРТ

РК Алкалоид испиша историја – ќе игра европско финале!

Објавено April 28, 2025 08:29
Сподели
Сподели

Македонскиот ракометен тим Алкалоид во Норвешка испиша нова историја, без тројца клучни играчи успеа да го издржи притисокот на реванш мечот и да дојде до резултат кој носи нови големи моменти за младиот тим.

Реваншот беше пеколно тежок, Рунар после само 7:30 минути ја анулираше негативата од пет гола од првиот меч, поведе со 6-1. На другата страна Алкалоид ослабен без капитенот Игор Ѓоргиев, тешко играше во нападот, секоја грешка беше казнувана. Лазаров повика тајм-аут, Серафимов не успеа да реализира пенал, но изнуди нов, па Дамјан Митев ја поправи грешката, а Велковски намали на 6-3 во 9. минута. Рунар не застана поведе со +6 (10-4) во 14 минута.

Мечот продолжи во брзо темпо со тоа што Алкалоид беше во негатива од четири до пет гола, ритамот беше речиси истиот од Скопје.

Во 23-та минута Кизиќ запиша две важни одбрани, но истите не беа максимално искористени. Алкалоид пропушти да дојде на минус два при 16-13. Следеше казна од два гола на Рунар за 18-13. Одговор имаше и Алкалоид, Велковски, па Кизиќ запиша одбрана, а Митев од седум метри намали на 18-15. Рунар на одморот зана со 19-15.

Вториот дел беше вистинско надигрување во силно темпо, Алкалоид во 37 минута при 22-19 не искористи шанса да дојде на минус два. Ова успеа да го направи четири минути подоцна, Митев од седум метри и Велковски од контранапад намалија на 25-23.

Рунар остана со играч помалку, но на голема среќа на средината на второто полувреме не искористи напад да дојде на нови плус пет, Џонов постигна важен гол за 28-25. После серија на грешки на двете страни, Серафимов во 48. минута намали на 28-26.

На стартот на 50-та минута, при 29-26, Галевски запиша две важни одбрани, но Алкалоид не претвори ниту еден напад во погодок. Тензијата на теренот продолжи, момците на Лазаров не се снајдоа најдобро во нападот, па Рунар во 57 минута дојде на плус шет (33-27).

Време беше за тајм-аут, сепак Алкалоид не успеа да намали на четири гола, па победникот после регуларните 34-29 беше решен после изведување на пенали, а таму подобар беше македонскиот тим.

Во серијата Рунар промаши три седмерци, а за Алкалоид погодија Серафимов, Митев и Петковски.

Најдобар стрелец кај Алкалоид на мечот беше Дамјан Митев со девет гола, пред Мартин Серафимов со осум реализации, додека Велковски и Ивановски завршија со по четири гола.

Кај Рунар, Гурих имаше осум гола, а Вулвик даде седум гола. Противник на Алкалоид во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ ќе биде грчкиот тим АЕК од Атина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина
Следна Статија Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Златни медали за таеквондистите Василевски и Симоновски на „Скопје Опен Г1“

Македонските таеквондисти Андреј Василевски и Христијан Симоновски освоија златни медали во јуниорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Скопје опен Рамус“…

March 30, 2025
СПОРТ

РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење на мечот со Холандија!

Можеби првпат откако сегашното раководство е на чело на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доаѓа до ситуација во која ќе…

January 17, 2025
СПОРТ

(Видео) Галатасарај прегазен во Алкмар, Порто извлече реми против Рома

Комплетирани се сите први натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, кои ветуваат уште поголеми возбудувања во реваншите за седум…

February 14, 2025
СПОРТ

Македонија победник на европското е-спорт првенство во Дота 2!

Македонија е шампион во видеоиграта „Dota 2“! Нашите момци на натпреварувањето што се одржа во Приштина го освоија првото место,…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?