Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови трагични детали за смртта на Џин Хекман откриени со најновата обдукција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Нови трагични детали за смртта на Џин Хекман откриени со најновата обдукција
ЗАБАВА

Нови трагични детали за смртта на Џин Хекман откриени со најновата обдукција

Објавено April 28, 2025 10:48
Сподели
Сподели

Конечните резултати од обдукцијата на легендарниот добитник на Оскар, Џин Хекман, открија сериозни здравствени проблеми што ги имал актерот пред неговата смрт, два месеци откако тој и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико.

Како што објавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на извештај од Канцеларијата на медицинскиот испитувач, Хекман (95) со години страдал од конгестивна срцева слабост и имал изразени хронични хипертензивни промени во бубрезите. Во 2019 година, му беше вграден бивентрикуларен пејсмејкер, а обдукцијата дополнително покажа присуство на невродегенеративни промени поврзани со Алцхајмеровата болест.

„Беа откриени сериозни атеросклеротични и хипертензивни промени во кардиоваскуларниот систем, беа поставени стентови во коронарните артерии, беше направен бајпас, а аортната валвула претходно беше заменета“, се наведува во извештајот. Исто така, биле пронајдени траги од стари срцеви удари, додека анализата на мозокот открила микроскопски знаци на напредна Алцхајмерова болест.

Беа откриени сериозни атеросклеротични и хипертензивни промени во кардиоваскуларниот систем, беа поставени стентови во коронарните артерии, беше направен бајпас, а аортната валвула претходно беше заменета“, се наведува во извештајот. Исто така, биле пронајдени траги од стари срцеви удари, додека анализата на мозокот открила микроскопски знаци на напредна Алцхајмерова болест.

Иако некои се сомневаа, обдукцијата покажа дека Хекман не бил заразен со хантавирус – ретка, но опасна инфекција што ја пренесуваат глодари, а која предизвикала смрт на неговата сопруга.

Полицијата потврди дека Бетси Аракава починала околу 12 февруари од респираторни компликации предизвикани од хантавирус, на 65-годишна возраст. Според извештајот добиен од „Дејли меил“, пребарувањето на нејзиниот компјутер открило пребарувања на интернет за симптоми слични на грип и Ковид-19.

Вештакот, исто така, изјави дека тестовите не покажале труење со јаглерод моноксид, а во крвта на Хекман биле откриени траги од ацетон, што веројатно е резултат на дијабетична кетоацидоза или гладување.

Се претпоставува дека Хекман, поради прогресијата на Алцхајмеровата болест, талкал низ куќата неколку дена по смртта на неговата сопруга, несвесен што се случило. Тој почина речиси една недела подоцна, околу 18 февруари, од последиците на тешка срцева болест, дополнително влошена од Алцхајмерова болест и заболување на бубрезите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поплавите ги затворија патиштата кон Халкидики
Следна Статија Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Колку би чинел еден „стокец“ денес

Застава 101, или попозната како „стојадин“ и „стокец“, беше и остана еден од најпрепознатливите автомобили во својата ера. Сите го…

January 9, 2025
ЗАБАВА

Светот во 2024 година остана без Ален Делон, Доналд Сатерленд, Меги Смит, Квинси Џонс…

Доналд Сатерленд, Роберто Кавали, Ален Делон, Франц Бекенбауер, се дел од најпознатите личности од светот на филмот, модата, науката, спортот…

December 31, 2024

Историски голем добитен влог од 1.25 милијарди долари во Powerball

Откритие на добитните броеви за најголемиот досегашен jackpot во историјата на Powerball лотаријата

December 19, 2025
ЗАБАВА

Брус Вилис повторно во јавност: Фановите воодушевени од една работа (ФОТО)

Брус Вилис се повлече од очите на јавноста откако му беше дијагностицирана афазија и фронтотемпорална деменција, а сега е снимен…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?