Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија
БАЛКАН

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Објавено April 28, 2025 12:42
Сподели
Сподели

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com.

Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутунски и сродни производи, во Словенија е забранета продажба на електронски цигари и дополнувања со слатки, овошни и билни ароми, без оглед дали содржат никотин. Дозволена е само продажба на производи со 16 одобрени супстанци што даваат тутунски вкус, соопшти Министерството за здравство.

Истражувањата покажуваат дека електронските цигари ги користат и деца на возраст од 9 до 11 години. Треба да се знае дека тие штетат на здравјето и содржат канцерогени супстанци. Главната состојка е никотинот, кој влијае врз срцето и крвните садови, белите дробови и развојот на мозокот, а притоа предизвикува зависност, предупреди Весна Маринко, директорка на Директоратот за јавно здравје.

Слатките и овошните е-цигари доведоа до зголемување на консумацијата меѓу малолетниците за 200 проценти за само три години, што поттикна решителна реакција од државата. Властите се надеваат дека со оваа мерка повеќе млади ќе престанат да пушат, пишува „Ал Џезира Балканс“.

За оние што ќе продаваат или нудат забранети е-ароми предвидени се казни од 3.000 до 5.000 евра, додека купувачите на вакви производи онлајн може да бидат казнети со суми од 125 до 5.000 евра.

Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат надзор со земање примероци, проверка на усогласеноста и повлекување на неусогласените производи од пазарот. Контролите ќе важат и за забраната за пушење на затворени јавни простори, игралишта и дворови на градинки и училишта.

Корисниците на е-цигари што ќе ја прекршат забраната може да бидат казнети со глоба до 5.000 евра. Инспекциите ќе се спроведуваат и во соработка со полицијата и комуналните редари, вклучително и во јавниот превоз.

Министерството за здравство ја смета оваа забрана за важен чекор во заштитата на здравјето на граѓаните, особено на младите. Словенија со ова се приклучува кон бројни земји-членки на ЕУ што веќе воведоа слични мерки.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, секоја недела во Словенија умираат 60 лица од последици од пушењето. Институтот се залага за дополнителни ограничувања, како намалување на бројот на продажни места и зголемување на цените на тутунските производи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува
Следна Статија Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Oва е Србинот што го уби дизајнерот на Ролс Ројс

Никола Здравковиќ (22) од околината на Велико Градиште во јули беше уапсен под сомнение дека е убиецот на Јан Камерон…

October 7, 2024
БАЛКАН

Не сме на продажба: Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот…

June 6, 2026
БАЛКАН

Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“

Хотелот „Југославија“ во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, кој во тоа време го посетија…

January 13, 2025
БАЛКАН

Маж се обесил во полициско комбе откако му определиле притвор за кражба во Србија

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека М.М. (1983), обвинет за кривично дело кражба, по враќањето од судот кој…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?