Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски најавува брза пруга Табановце – Гевгелија до 2031 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски најавува брза пруга Табановце – Гевгелија до 2031 година
ЕКОНОМИЈА

Николоски најавува брза пруга Табановце – Гевгелија до 2031 година

Објавено April 28, 2025 21:28
Сподели
Сподели

Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија. Изградбата на овој проект ќе чини околу две милијарди евра, а поврат на инвестицијата се очекува за 10-12 години, најави министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“.Тој вели дека изградабата на пругата ќе биде инвестиција на државата, односно дека таа нема да оди под концесија или јавно-приватно партнерство.

Очекувам во 2031 година веќе да ја имаме. Ако Македонија превезува 327.000 тони роба по километар до 2032 година, како што е предвидено со Реформската агенда од Планот за раст на ЕУ, кога тоа ќе го помножите со бројот на километри што ги има на Коридорот 10 и со едно евро по тон, ЕУ наплаќа две евра по тон. Ние да одиме по едно евро од тон, со 50% помалку за да бидеме поконкурентни од Бугарија – ем поевтини, ем пократко затоа што Бугарија е 330 километри плус – во тој случај, минималната сума што би влегувала во Македонија би била 120 милиони евра годишно“, вели Николоски.

Министерот за транспорт вели дека грубите пресметки покажуваат оти брзата пруга би чинела околу две милијарди евра, односно 9-10 милиони евра по километар, и тоа дволиниска, што, како што рече, е далеку поевтино ако се земе предвид пругата кон Бугарија која е еднолиниска и чини 24 милиони по километар.

Ако пресметате колку би влегувало во Македонија, сфаќате дека поврат на инвестиција би бил некаде 10 до 12 години. Ќе се мултиплицира тоа, јас најниските бројки ги кажувам, што и за бизнис е добро, а не, пак, за државна инвестиција затоа што тоа ќе остане. И затоа мислиме дека ќе биде економски погрешно ние да дадеме 35 години концесија на некого, да си ја врати инвестицијата за 10-12 години и по 20 години целиот кајмак да го собира за себе“, објаснуваше министерот.

Сепак, се согласува Николоски, ќе биде голем предизвик да се најдат пари за изградбата.

Ние ќе се обидеме да најдеме најевтини пари, односно пари коишто може да се најдат по најдобри каматни услови и, многу важно, да можеме да ги обезбедиме сите. Едно е да барате од Европска инвестициска банка или од Европска банка за обнова и развој 100 милиони евра кредит, друго е да барате две милијарди. Прашањето е дали воопшто тие можат да стигнат до таа бројка да ви ја обезбедат“, вели Николоски.

Според него, лош пример за почнат а необезбеден проект се коридорите 8 и 10-д кои ги гради „Бехтел и Енка“, бидејќи претходната влада не обезбедила финансирање, туку се плаќаат директно од буџетот.

Не дека не знаеле дека треба да обезбедат финансирање, туку никој не се нафатил, милијарда и 300 милиони во тој случај, да ги обезбеди како кредит. Јавноста треба да биде внимателна, едни се условите кога вие повлекувате мала транша пари, други се кога повлекувате голема транша. И, секако, тука мериме што може да е и буџетска контрибуција, односно колку можеме и буџетски да учествуваме бидејќи парите не се даваат наеднаш, туку е проект којшто се работи 4-5 години“, вели министерот за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кога имаш харизма сите врати ти се отворени: Скопската публика ја сака Нина Бадриќ
Следна Статија По 14 денови прекината блокадата на РТС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека економијата на државата е во драматичен пад и дека Македонија…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Е-фактура“ е проект што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата“, истакна директорката на…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација

На Владата не ѝ одговара да има висока инфлација и на највисоко ниво таа е свесна за тоа. Кога одат…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Епл најавува промени во iOS во Јапонија

Епл денес најави промени кои влијаат на iOS апликации во Јапонија за да се усогласи со Законот за мобилна софтверска…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?