Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Објавено April 29, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата.

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски
Следна Статија Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонски средношколци на Балканската математичка олимпијада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена

Докторот Мехмет Оз, по потекло од Турција, стана познат по својот план за детоксикација, според кој можете да изгубите до…

May 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска

Поранешната раководителка и основачка на вториот Центар за изгореници во Македонија, д-р Добрила Андоновска, преку објава на социјалните мрежи потсети…

March 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа. – На…

February 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чибишев алармира: Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот, тој внесен акутно може да го загрози животот

Во Македонија се увезувал мазут кој имал сомнителен квалитет. Значи, овој мазут се користел за разни потреби и при тоа…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?