Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бектеши останува во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бектеши останува во притвор
ХРОНИКА

Бектеши останува во притвор

Објавено April 29, 2025 16:43
Сподели
Сподели

Апелациониот суд во Штип соопшти дека се завршени постапките по жалбите поднесени на решенијата за притвор во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од вкупно осум предмети, во седум случаи жалбите се одбиени како неосновани, а решенијата на Основниот суд во Кочани се потврдени.

Само во еден случај, жалбата на обвинетиот Е.М. е уважена, при што првостепеното решение за притвор е преиначено и заменето со мерка куќен притвор, заедно со дополнителни мерки на претпазливост.

Останатите жалби – поднесени од К.Б., Н.И., Р.Ч.Д., М.С., Б.Х., М.Ѓ. и Р.Д. – се одбиени, а мерките притвор или куќен притвор остануваат на сила.

Штипската Апелација вчера соопшти дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а вчера 14 жалби.

Во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, се осомничени 68 физички и три правни лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче
Следна Статија Тошковски ги прими семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Куче изгризало шестгодишно дете, со тешки повреди примено во болница

Шетгодишно дете било изгризано од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Кривична за инспектор во МВР, евидентирал фиктивни прекувремени часови за две вработени

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во МВР поради злоупотреба на службената положба и овластувања. „Б.М., во моментот на работно…

May 14, 2025
ХРОНИКА

Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Почина докторот Венци Чалков, а од него преку социјалните мрежи се простуваат членови на семејството, пријатели, пациенти, познавачи. Гинекологот Чалков…

December 1, 2025
ХРОНИКА

Приведени четири лица од Гевгелиско, незаконски ловеле

Во близина на место викано Караула Моин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица вчера…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?