Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
СВЕТ

Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

Објавено April 29, 2025 21:19
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека верува оти ако војната со Русија продолжи, оваа земја многу брзо ќе биде уништена.

-Мислам дека ја спасувам оваа нација. Мислам дека оваа нација наскоро ќе биде уништена. Тоа е голема воена машинерија, рече Трамп во интервју за порталот Атлантик, по повод првите 100 дена од мандатот на американскиот претседател.

Тој потсети дека за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, му дал на Киев противтенковски водени ракети „џавелин“.

Да бидеме реални. И да не бев јас – јас сум тој што им ги даде „џавелините“ што ги уништија тенковите. Знаете, тој момент со тенковите беше голем момент, кога (руските) тенкови се заглавија во калта, а јас им дадов (на Украинците) огромен број „џавелини“. Тоа се противтенковски ракети. Знаете тоа е голем момент, затоа што, ако тие тенкови влезее, а беа на 71 милја од Киев и сакаа да го заземат Киев. Тоа ќе беше крај на војната, ќе завршеше за еден ден“, рече Трамп.

Тој рече дека американската помош во тоа време во форма на давање „џавелини“ на Украина била „една од причините“ зошто војната во Украина продолжи.

-Сега, би можел да тврдам дека е штета што продолжи, затоа што многу луѓе загинаа. Многу повеќе луѓе загинаа во оваа војна отколку што се пријавува. Не само војници. Има многу војници, туку и многу други луѓе. И, знаете, навистина можам да кажам дека бев многу добар затоа што ја спасувам оваа земја, рече Трамп.

Тој додаде дека верува дека „ѝ прави голема услуга на Украина“ со тоа што активно учествува во преговорите со Русија за постигнување прекин на огнот.

Трамп повтори дека „војната во Украина никогаш немаше да се случи“ ако тој беше претседател на САД во претходните четири години.

-Тоа никогаш немаше да се случи, и не се случи четири години, рече Трамп, осврнувајќи се на неговиот прв претседателски мандат, од 2017 до 2021 година.

Кога беше прашан дали мисли дека може да се случи ситуација во која неговата администрација ќе испрати целосна поддршка на Украина за да го зачува нејзиниот територијален интегритет, Трамп одговори дека таквата поддршка „не мора да биде оружје“.

-Постојат многу видови оружје. Не мора да биде оружје со куршуми. Може да биде оружје – санкции. Може да биде оружје со банкарство. Може да биде многу друго оружје, рече Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ го пропушта „Мастерс“ турнирот во Рим
Следна Статија Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент

Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Камала Харис, е намалена на еден процент во однос…

October 30, 2024
СВЕТ

Роберт Кенеди јуниор е нов министер за здравство

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура,…

February 13, 2025
СВЕТ

Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %

Канада и Мексико кажаа дека соодветно ќе одговорат откако Доналд Трамп им наметна нови царини на трите најголеми трговски партнери…

February 2, 2025
СВЕТ

Украина: Русите се преоблекоа во нашите униформи и тргнаа во напад

Главниот штаб на вооружените сили на Украина соопшти дека руски војници, од кои некои биле маскирани во украински воени униформи,…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?