Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раст од 5,2 проценти на индустриското производство во март на годишно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Раст од 5,2 проценти на индустриското производство во март на годишно ниво
ЕКОНОМИЈА

Раст од 5,2 проценти на индустриското производство во март на годишно ниво

Објавено April 30, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за два процента, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, а пораст од 4,8 проценти во Преработувачка индустрија и од 12,9 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.

ДЗС објаснува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на тутунски производи, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Кај Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место има раст од 15,1 процент, а кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 7,1 процент.

Според главните индустриски групи, производството во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 13,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 24,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат
Следна Статија ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Платите за март на здравствените работници поголеми за 15 отсто, од април и повисоки пензии за 2 500 денари

Платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот ќе бидат покачени за…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Охрабрувачки економски показатели – октомври завршен со суфицит

По подолг период, Македонија има охрабрувачки економски показатели – октомври е завршен со суфицит од над милијарда евра, информираше на…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Истрага во Правосудниот Оддел на САД за Џеј Пауел

Истражувањето за исказите на претседателот на Федералните резерви поставува прашања за независноста на правосудниот систем

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?