Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
СВЕТ

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп

Објавено May 2, 2025 08:47
Сподели
Сподели

САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп. Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна.

Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено признавајќи ја потребата да се исправат „погрешните“ трговски практики. „Обидите да се искористи дијалогот како изговор за присила и уцена нема да успеат“, се наведува во соопштението.

Кина јавно го изрази својот гнев поради високите царини, тврдејќи дека тие не можат да го запрат растот на второто по големина светско стопанство. Освен преку пропагандни механизми, Пекинг создаде и листа на американски производи – како некои фармацевтски средства, микрочипови и млазни мотори – кои ќе бидат изземени од одмаздничките царини од 125 проценти.

Американски функционери, меѓу кои и министерот за финансии Скот Бесент и економскиот советник на Белата куќа Кевин Хасет, исто така изразија надеж дека наскоро ќе дојде до напредок во намалување на трговските тензии.

– Кина сака да разговара за трговијата, а тие разговори ќе се случат наскоро, изјави државниот секретар Марко Рубио за Фокс Њуз, додавајќи дека САД разгледуваат колку ќе треба да купуваат од Кина во иднина. Трамп, пак, пред два дена изјави дека постои „многу добра шанса“ за договор со Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на адаптација кон новите глобални услови, но не ја спомена САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки
Следна Статија Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Џинпинг знае дека сум луд, нема да се осмели да ме провоцира

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Кина нема да се осмели да го испровоцира доколку победи на изборите,…

October 19, 2024
СВЕТ

(ФОТО) Ова се Бугарите осудени во Лондон за шпионажа во корист на Русија

Тројца бугарски државјани се прогласени за виновни за шпионирање за Русија, а операцијата за шпионажа била извршена од гостилница во…

March 7, 2025
СВЕТ

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се…

July 14, 2025
СВЕТ

Илјадници луѓе меѓу кои и деца умираат од глад во појасот Газа

Голем дел од населението во Појасот Газа умира од глад. Околу 2 милиони луѓе заробени во воената зона на Појасот…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?