Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична за двајцата полицајци што не го казнија братот на градоначалникот на Гази Баба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична за двајцата полицајци што не го казнија братот на градоначалникот на Гази Баба
ХРОНИКА

Кривична за двајцата полицајци што не го казнија братот на градоначалникот на Гази Баба

Објавено May 2, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Д.К. на работно место помлад полицаец и Б.Д. на работно место полицаец за безбедност на патниот сообраќај во Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Пријавените како службени лица – полициски службеници на 20.04.2025 година со намера да го спречат и отежнат докажувањето, прикривале и фалсификувале документи што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг орган надлежен за водење на постапка уредена со закон, на начин што првопријавениот издал прекршочен платен налог и записник за сторен сообраќаен прекршок на име на лице од Скопје за сторен прекршок, а потоа за да го прикрие прекршокот на лицето, ги преправил и фалсификувал прекршочниот платен налог и записникот за сторен сообраќаен прекршок на начин што на вториот примерок врз податоците нанесени со индиго од првиот примерок со пенкало ги внел податоците од друго лице од Скопје, иако ова лице воопшто наведениот ден не го контролирале ниту од нивна страна било запрено за сторен прекршок, а кое од претходно им било познато како чест извршител на сообраќајни прекршоци.

Второпријавениот, како одговорен на патролата иако знаел дека првопријавениот констатирал прекршок на лице од Скопје, а потоа на прекршочниот платен налог и записникот за сторен сообраќаен прекршок врз податоците на лицето сторител на сообраќајниот прекршок ги внел податоците на друго лице, му помогнал до го изврши кривичното дело, со тоа што во пополнувањето на прегледот на контролирани моторни возила и на извештајот од 20.04.2025 година за радар ги внеле податоците на сторителот на сообраќајниот прекршок, а потоа откако првопријавениот ги фалсификувал и преправил наведениот налог и записник, врз податоците на сторителот на прекршокот ги внеле податоците на друго лице и вака преправениoт преглед на контролирани моторни возила и извештај од 20.04.2025 година за радар, по завршувањето на работните задачи, ги приложиле заедно со наредбата за вршење дејност во Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поведе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кавадарци доби регионален стационар за згрижување бездомни миленици
Следна Статија За први мај на ГП „Блаце“ поминале над 26 илјади граѓани – низ „Богородица“ пак над 24 илјади!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Средношколец од Скопје заврши со убодна рана по групна тепачка кај хотел „Карпош“

Крвава пресметка кај хотел „Карпош“ се случила вчера во Скопје, при што еден малолетник е хоспитализиран во „8 Септември“ Како…

June 3, 2025
ХРОНИКА

Почина проф. д-р Кирил Темков

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика,…

December 28, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Во Студенчишкиот канал во Охрид утрово избувна пожар на глисер. Пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на…

June 30, 2025
ХРОНИКА

Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?