Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доделена државната награда „Гоце Делчев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доделена државната награда „Гоце Делчев“
МАКЕДОНИЈА

Доделена државната награда „Гоце Делчев“

Објавено May 4, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година денеска им беше доделена на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, постхумно на проф. д-р Аритон Поповски, проф. д-р Маријана Киш и проф. д-р Убавка Гајдова за научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотетката-лексички материјали)“.

На доделувањето на наградата во Собранието присуствуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека со државната награда „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Македонија.

– Научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали), изработено од група автори, ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката. На добитниците на наградата им упатувам искрени честитки и им посакувам уште поголеми успеси и значајни научни достигнувања во иднина, потенцира министерката за образование и наука, рече Јаневска.

Министерката Јаневска нагласи дека државата има должност да создава услови за напредок на науката, истражувањето и иновациите и со тоа да помага во креирањето на глобалните позитивни промени. За Владата, како што рече, унапредување на националниот научно-истражувачки екосистем е еден од програмските приоритети и во изминатите неколку месеци, значително е подобрен третманот на науката и на високото образование, преку зголемени инвестиции, но и преку јакнење на регулативата која ги уредува овие области.

– Прв наш чекор во таа насока беше изработката на Предлог Националната програма за научно-истражувачка дејност – стратешки документ кој долго време недостасуваше во креирањето на релевантни политики. Сега работиме на нови законски решенија за високото образование и научно – истражувачката дејност, кои треба да обезбедат повеќе права и можности за засегнатите. Дел од вас присутните се вклучени во процесот на нивно креирање и очекувам до крајот на годината да ги имаме новите закони, рече Јаневска.

Во однос на расположливите средства за наука, истражувања и иновации, таа изрази благодарност до сите владини членови, кои, како што рече, поддржаа да издвоиме и усвоиме најголем буџет досега, кој изнесува 680 милиони денари, и речиси двојно е поголем од ланскиот.

– Започнавме со негова распределба. Веќе се објавени три конкурси за финансирање на национални научно истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, на МАНУ и проекти изработени во партнерства со бизнис заедницата, со фокус на исполнување на целите од Стратегијата за паметна специјализација. Преку трите конкурси ќе се доделат 376 милиони денари, па еве, денешнава е уште една добра прилика да ги повикам сите научници и истражувачи, како и компании посветени на науката и истражувањата, да креираат и да аплицираат со иновативни проекти, посочи министерката Јаневска.

Според неа, овие мерки се дел од нашата визија за модерна, отворена и конкурентна држава, заснована на знаење, иновации и наука. – Ќе продолжиме со уште посилен фокус и посветеност кон создавање услови за научен развој и меѓународна соработка, најави Јаневска.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ академик Живко Попов им го врачи признанието на годинашните добитници. Од името на наградените се обрати проф. д-р Веселинка Лаброска, која истакна дека авторите на овој атлас претставуваат пример за сплотеност и соработка меѓу Интитутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистка (ИЦАЛ) при МАНУ.

Добивањето на ваква престижна награда, како што рече, обврзува да работиме уште посплотено и да покажеме дека тимската работа поткрепена со индивидуална одговорност е вистинската формула за успех, не само во лингвистиката, туку во сите сфери.

– Народот што сам се цени, си го цени најпрво сопствениот јазик, јазикот на кој ги обликува своите мисли и чувства, а потоа ги учи другите јазици. Наш јазик е македонскиот и за нас тој е најубавиот и најбогатиот јазик, потенцира Лаброска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за убиството во Скопје: Пред 5 годишната ќерка со нож ја избодел сопругата
Следна Статија Министерството за економија одзело седум лиценци за кабареа и две за дискоклубови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Пет години Единица за интервентна полиција

Единицата за интервентна полиција денеска одбележа пет години од формирањето. Во 2019 година единицата беше формирана со спојување на единиците…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Протест во Тетово: „Ги броиме жртвите во трагедиите, а одговорност нула“

На плоштадот „Илирија“ во Тетово попладнево се одржа протест свикан од иницијативата „Нула“ со мотото „протест против корупцијата која убива“.…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

Силното невреме проследено со пороен дожд, ветер и град што попладнево го зафати Скопје предизвика паднати дрвја, поплави и сообраќајни…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот…

November 12, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?