Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа
СВЕТ

Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа

Објавено May 5, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Папата Франциск го донираше својот познат „папамобил“ на децата во Појасот Газа, објави „Ватикан њуз“. Возилото ќе биде претворено во мобилна медицинска единица за деца, која ќе им обезбеди основна здравствена заштита во контекст на хуманитарна катастрофа.

Во текот на неговите 12 години на чело на Католичката црква, папата Франциск постојано ја нагласуваше важноста на мирот и сочувството, особено кон децата погодени од војните низ целиот свет, од Украина до Кавказ, Блискиот Исток и Африка. Тој беше особено потресен од судбината на десетици илјади деца кои ги загубија животите во конфликти како оној во Газа.

Според информациите од Ватикан, Папата ја доверил оваа акција на Каритас Ерусалим во последните месеци од својот живот. Целта е да се одговори на огромната хуманитарна криза во Газа, каде што речиси еден милион деца се раселени и изложени на глад, инфекции и други сериозни здравствени проблеми.

Папамобилот ќе биде опремен со медицинска опрема за дијагноза, тестирање и лекување, вклучувајќи брзи тестови за инфекции, дијагностички уреди, вакцини, комплети за нега на рани и друга итна помош. Возилото ќе го управуваат лекари и медицински работници кои, штом ќе биде овозможен хуманитарен пристап до Газа, ќе се упатат кон најизолираните делови од регионот.

„Благодарение на ова возило, ќе можеме да стигнеме до децата кои денес немаат пристап до здравствена заштита – деца кои се ранети и неухранети. Ова е конкретна, животоспасувачка интервенција во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави за Ватикан њуз, Петер Бруне, генерален секретар на Каритас Шведска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Професор има радикален план да ја подигне Венеција за 30 см: Тоа би му дало на градот грејс период од 50 години
Следна Статија Хари Кејн се израдува на првиот шампионски трофеј во кариерата (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон

Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со…

January 30, 2025
СВЕТ

Зеленски верува дека постојат добри шанси за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека гледа „добра шанса“ за завршување на војната со Русија, во контекст на 30-дневниот…

March 14, 2025
СВЕТ

Орбан по средбата со Венс: Мирот и безбедноста на Унгарија се загарантирани

Ви благодарам претседателе Трамп и потпретседателе Венс што стоите покрај Унгарија! Најмоќната земја во светот денес е сојузник на унгарскиот…

April 7, 2026
СВЕТ

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Франциск денеска, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим,…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?